Connect with us

Домашни банки

Шпаркасе банка воведе намалени провизии за тргување до 50%

Објавено

на

До 50% намалени провизии за тргување со акции со Шпаркасе Банка Македонија!

Шпаркасе Банка Македонија воведе најнова промоција со која на своите новорегистрирани клиенти им овозможува тргување со акции на Македонска Берза АД Скопје – со намалени провизии за тргување до 50% од редовните надоместоци, во промотивниот период од 01.07. – 30.09.2018 година

Дополнително, Шпаркасе Банка Македонија ја нуди и можноста за бесплатно користење на E-trading апликацијата, која овозможува електронско давање на налози за тргување. Со најавување во апликацијата и креирање на кориснички профил клиентите ќе имаат можност да издаваат електронски налози до брокерите на Банката, да имаат целосен преглед на налозите, тргувањата и портфолиото, како и можност да го следат во реално време на тргувањето на Македонска берза.

Основните карактеристики на E-trading апликација се:

• високо ниво на сигурност (преку персонален дигитален сертификат);

• едноставност во пополнувањето на налогот, неговиот внес, измена или повлекување;

• преглед на портфолиото и паричната состојба со моментално ажурирање;

• преглед на пазарните податоци (цена, длабочина, трансакции)

• следење на внес и извршување на налогот во реално време;

• преглед на активни налози и e-trading барања;

• следење на налогот во длабочината на пазарот

• аларми (нотификации за промените на пазарот)

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.

Домашни банки

Аванс на дивиденда за акционерите на Стопанска банка

Објавено

на

Собранието на акционери на Стопанска банка АД Скопје донесе одлука за прераспределба на дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со награда за „Сајт на годината“ за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата„Сајт на годината“, веб страницата на НЛБ Банка: nlb.mk го доби признанието за најдобар сајт во Македонија, во категоријата финансиски услуги, банкарство и осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Изложба на дела од колонијата „Вевчански видувања“ 2018 во НЛБ Галерија

Објавено

на

Во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања, како и на Компанијата „ВИА“, на 17 декември (понеделник), во 19 часот, во НЛБ Галерија во Скопје, свечено ќе биде отворена ИЗЛОЖБАТА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА на Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange