Connect with us

Депозити

Шпаркасе Банка АД Скопје воведува нов производ – Промотивен депозит плус

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ја збогатува својата депозитна понуда со воведување нов производ – Промотивен депозит плус, со атрактивни фиксни каматни стапки, кои достигнуваат и 2,4% годишно за депозити на 36 месеци. Депозит плус е погоден за клиентите што се заинтересирани да штедат во денари на подолг период.

Станува збор за орочен депозит со гарантирана каматна стапка за целото времетраење на орочувањето на 24 и 36 месеци. Со овој производ, депонентите што ќе отворат традиционален депозит во денари добиваат 2,2% фиксна годишна каматна стапка за денарско штедење на 24 месеци, односно 2,4% за денарско штедење на 36 месеци. Кај Депозит плус постои можност за месечна и рочна исплата на камата, додека минималниот влог за отворање на овој депозит е 2.000 МКД.

Промотивниот период на понудата е предвидено да трае до 20.9.2022 година. Повеќе детали за овој производ можете да пронајдете на веб-страницата на Шпаркасе Банка на следниот линк.

Шпаркасе Банка претставува сигурен и стабилен партнер, дел од најсилната банкарска групација во Југоисточна Европа која бележи повеќе од 200 години традиција во штедење. Штедењето е корисна навика што подразбира редовно издвојување определен процент од приходот за обезбедување економска сигурност и полесно справување со очекуваните и неочекуваните трошоци или, едноставно, за исполнување некоја поголема желба.

Групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа и опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

Депозити

Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка од 01.12.2022 година ќе ги зголеми каматните стапки на депозитите на физички лица, со што штедните производи на Банката стануваат уште поатрактивни. Со ова Банката, која е столбот на довербата на штедачите во земјава, овозможува граѓаните да ги орочат своите заштеди согласно своите желби и можности и да остварат поголеми приноси. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка од 01.12.2022 година ќе ги зголеми каматните стапки на депозитите на физички лица, со што штедните производи на Банката стануваат уште поатрактивни. Со ова Банката, која е столбот на довербата на штедачите во земјава, овозможува граѓаните да ги орочат своите заштеди согласно своите желби и можности и да остварат поголеми приноси. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

НОВА НАЈАТРАКТИВНА ПОНУДА за депозити во денари и во евра, во Шпаркасе Банка

Објавено

на

Кога станува збор за штедење, важно е да изберете сигурен и стабилен партнер со кого секогаш добивате нешто Плус. (more…)

Продолжи со читање

Популарно