Connect with us

Останато

Шпанија бара евробуџет и еврообврзници?!

Објавено

на

Шпанската влада има намера да ги натера земјите од еврозоната како Франција, Германија и Италија да и станат партнери во создавање на подлабока економска и монетарна унија преку воспоставување на буџет за еврозоната и назначување на министерот за финансии на блокот.

Премиерот Маријано Рахој изјави дека Шпанија ќе ја претстави иницијативата на Самитот, кој ќе се одржи на 28-ми август. “Ќе продолжиме да работиме на продлабочување на економската и монетарната унија“, потврди Рахој, инаку конзервативец, по средбата со кралот Фелипе во Мајорка. 

 

Тој пред самитот во Париз рече дека Шпанија ќе го поддржува европски министер за финансии и еврообврзниците, кои постепено ќе го приближат животниот стандард и богатството до сите европски земји. Тој, исто така, истакна дека ќе инсистира на еврообврзници и нивно емитување надвор од европскиот трезор, бидејќи тоа, според проценките, ќе го зајакне кредибилитетот на пазарот на еврозоната.

 

Конзервативната влада на Шпанија ги поддржа барањата за подлабоко интегрирање во рамките на еврозоната, укажувајќи му на Брисел дека членовите на блокот треба да приближат некои аспекти на управувањето со долгот и да делат буџет за борба против кризни шокови.

 

Во јуни, шпанскиот министер за економија, Луис де Гвиндос, повика на подлабока реформа во еврозоната, која ќе вклучува создавање на Европски монетарен фонд со одреден процент од националните буџети.

Останато

Бесими: Законот за буџет е готов и поставен на Енер

Објавено

на

Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“. Секој може да се вклучи во јавната расправа. Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви, информира денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот со Македонската банкарска асоцијација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ФИТР: Отворен јавниот повик за иновациски ваучери – високообразовните институции се вклучуваат во развојот на домашната економија

Објавено

на

Од утрово е отворен јавниот повик за иновациски ваучери, наменет за воспоставување соработка во економски развој меѓу домашните компании и универзитетите и истражувачките центри. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЕБОР предвидува пад на економијата од дури 5 проценти годинава и раст од 3 проценти следната 2021 година

Објавено

на

„Брзината со која ќе има опоравување и раст ќе зависи од опоравувањето на економиите во земјите од еврозоната, но и од напредокот на домашните економски реформи, со кои би се подигнало нивото и квалитетот на јавните инвестиции и би се подобрил квалитетот на образованието за да се намали несоодветното ниво на вештини на пазарот на труд”, вели во интервју за МИА Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој. (more…)

Продолжи со читање

Популарно