Connect with us

Останато

ШИРЕТ ЕЛЕЗИ: Со измените на Законот за данок на добивка се воведуваат ваучери за донации во спортот

Објавено

на

Поголема поддршка за спортот преку системот на ваучери за донации, нови современи одредби кои се однесуваат на трансферните цени и регулирање на даночниот третман на здруженијата на граѓани, се измените и дополнувањата на Законот за данок на добивка. Тие имаат за цел да надминат одредени слабости на постојниот закон и да ја подобрат регулативата, истакна денеска на пленарна седница во Собранието, заменик министерот за финансии Ширет Елези.

Со предлог измените и дополнувањата се воведува можност даночниот обврзник кој донирал финансиски средства на спортски субјекти врз основа на ваучер добиен од спортскиот субјект, да му се намали пресметаниот данок на добивка во износот на извршената донација, но најмногу до 50% од пресметаниот данок” – рече Елези.

Заменик министерот истакна дека со предлог измените се воведуваат нови одредби за трансферните цени, односно цените по кои се вршат трансакциите помеѓу поврзани субјекти, согласно современите препораки на ОЕЦД. Со овие измени, македонското законодавство, посочи таа – се усогласува со највисоките меѓународни стандарди. Исто така се намалуваат и можностите за даночни манипулации, со што се очекуваат и зголемени даночни приходи, на среден рок.

Со предлог измените и дополнувањата се регулира и даночниот третман на здруженијата на граѓани и фондациите.

Се утврдува дека истите не се обврзници за данокот на добивка, а кога, покрај нивното непрофитно делување, истите во текот на годината оствариле и приходи од вршење стопанска дејност кои надминуваат 1.000.000 денари, во тој случај, тие стануваат обврзници за данокот на вкупен приход, по даночна стапка од 1%, но само за приходите од вршење на стопанска дејност, и само за делот кој надминува 1.000.000 денари” – рече Елези.

Со предлог измените и дополнувањата се менува и третманот на паричните трансферни кои по своја суштина се заеми, односно, се уредува дека позајмици дадени на правни лица резиденти на Република Македонија нема да се оданочуваат со данок на добивка.

Останато

Уапсени членови на меѓународна група која ограби сефови во две македонски банки

Објавено

на

Обвинителството за организиран криминал отвори истрага против седуммина осомничени за ограбување сефови во две македонски банки, објави Сакам да кажам. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП РАЗВИ МОДУЛ ЗА АВТОМАТСКИ ПОВРАТ НА ДАНОЦИ

Објавено

на

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во придружба на Министерот за финансии, Драган Тевдовски, разговараа за реализираните проекти и реформите на УЈП во изминатата година како и за активностите на коишто Управата за јавни приходи ќе се посвети во текот на 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange