Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Business Man

Шекил Онил со неверојатна приказна за заштеди и инвестиции – Како до финансиски шампион?

Објавено

на

Легендарниот НБА кошаркар Шекил Онил кој доминираше во својата ера како еден од најмоќните центри, денес е успешен бизнисмен со огромно богатство вредно над милијарда долари.

Големиот Шек открива дека не секогаш бил финансиски одговорен. Кога потпишал голем спонзорски договор со компанија за кредитни картички, во само еден ден потрошил 1 милион долари. Парите ги дал веднаш за два луксузни Мерцедеси, го отплатил целиот долг на неговата мајка и си купил накит.

Меѓутоа една случајна средба во кафе бар со познатиот финансиски советник Лестер Книспел целосно го променило начинот на кој располага со парите и штедењето.

Книспел многу едноставно му покажал една салфетка замислена како банкнота од 100 долари и ја скинал на половина. “Сега имаш само 50 долари за трошење”, му рекол Книспел. Но, и втората половина ја поделил и му порачал дека тоа е разликата меѓу супер богатите и успешни луѓе, односно секогаш да заштедува барем 75% од неговите приходи и средства.

Кошаркарот од челик тоа сериозно го сфатил и навистина се трудел голем дел од своите средства да ги вложува во заштеди, пензија, осигурување, даноци и фондови.

Шекил 4 пати ја освојуваше шампионската титула и важеше за играч која сака да ужива и надвор од терените, па затоа неговиот вистински успех во животот е да изгради моќен медиумски бренд, како и да вложи паметно во неколку компании од кои најпозната и најуспешна е Papa’s John’s.

Business Man

Интервју со Јоцо & Богдан, креатори на мобилната апликација “BonusCard”

Објавено

на

Секој од нас, барем еднаш во животот бил револтиран поради фактот дека во секојдневието располагаме со 10-тина картички (за попуст, за собирање на поени, дебитни, кредитни картички, итн) кои ни зафаќаат драгоцен дел од паричниците. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Кристиан од Big heart преку претприемништво им помага на луѓето со потешкотии

Објавено

на

Предизвикот на Big heart како социјално претпријатие е да се грижи за кариерата на артистите (музичари, актери, комичари, магионичари) и истите ќе ги промовира во медиумите, а дополнително и ќе обезбедува настапи за секој од нив. Уметниците ќе бидат амбасадори на социјалната мисија на претпријатието, која е борба против стигмата кон лица со ментални болести и попречености. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Глигор Дачевски од dоXteam – водечкa компаниja за развој на софтверски решенија

Објавено

на

DоXteam е една од водечките компании за развој на софтверски решенија во Македонија, чиј основач и директор e Глигор Дачевски. Формирана е во 2008 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange