Connect with us

Депозити

Швајцарските клиенти почнаа да ги повлекуваат своите депозити од банките

Објавено

на

Една од главните активности на банките е да приберат што поголем број на депозити од нивните клиенти. Сепак, швајцарските приватни банкари се жалат дека некои нивни клиенти повлекле голем дел од своите пари од банките за да ги чуваат безбедни, и покрај фактот дека оваа земја има репутација како најбезбедно и најсигурно место во светот за складирање пари за богатите инвеститори., пренесува CNN.

Овој потег на богатите клиенти следи по пет години негативни каматни стапки, политика која ја спроведува Европската централна банка, а до неа се придржуваат речиси сите поголеми европски банки, меѓу кои и швајцарските банкарски гиганти.

Ова се должи на политиката што требаше да спречи натамошно зајакнување на франкот, што бараше приватните банки да и платат на Швајцарската национална банка такса за депонирање пари во нивните сефови. Некои од овие трошоци банките им ги пренеле на некои од нивните најмоќни клиенти.

Ова не им се допадна на оние кои беа навикнати да заработат пари од своите заштеди, а сега треба да плаќаат за своите заштеди, па затоа бараат други опции за складирање на своите пари. Неколку клиенти однеле пари за да ги стават во приватни сефови, според официјални лица на тамошните неколку банки.

„Банката разгледува опции со клиентите. Ако ни дозволат да направиме други работи за да им заработиме пари, тогаш нема да им наплатуваме за заштедите, но банките полека го губат својот избор во обидот да најдат начин да не наплатуваат големи суми пари“, вели Норман Виламин од приватната банка на „UBP”. Значи, повеќето банки се донесени на последниот акт и мораат да започнат со наплата на провизија и на најважните клиенти.

Сепак, некои штедачи сакаат порадикални начини да ги заштитат своите заштеди и не се подготвени да преземат ризик.

Негативните каматни стапки, кои се појавија во 2015 година во Швајцарија, им отежнуваа на тамошните банки да профитираат од заеми и хипотеки. „Credit Suisse” швајцарската инвестициска банка минатата година објави дека ќе мора да примени негативна каматна стапка од 0,75 проценти за износи поголема од два милиони швајцарски франци. Ова значи дека за клиент кој сака да заштеди три милиони франци, банките ќе треба да наплатат 7.500 франци за една година.

Ако клиентите сакаат да ги повлечат своите пари од банката, тие наидуваат на комплицирана логистика. Тие прво мора да најдат место за чување и да направат финансиски план.

Лудвиг Карл, портпарол на „Swiss Gold Safe“, кој издава сефови во Швајцарија и Лихтенштајн, вели дека побарувачката за сефови на неговата фирма е драстично зголемена од 2015 година.

Повлекувањето големи суми пари од швајцарските банки исто така може да има негативни последици доколку клиентите по некое време одлучат да се вратат во банката. Ако еден клиент се врати во банката со 800.000 франци во готово по 5 или 10 години, банката би поставила многу прашања, како барање за потекло на парите и слично што досега тоа не беше случај во швајцарските банки.

Поради новонастанатата ситуација, Швајцарската централна банка во септември минатата година објави дека ќе ја крене долната граница за плаќање на негативна каматна стапка, така што сумата што банките можат да ја прифатат за заштеда без да наплаќаат провизија ќе биде значително поголема.

Минатата година, Кредит Свис објави дека ќе наметне негативна каматна стапка од 0,75% на готовинскиот биланс од повеќе од 2 милиони швајцарски франци (2,1 милиони американски долари). Така, ако клиентот има депозит од 3 милиони, на крајот на годината сепак ќе треба да плати 7.500 швајцарски франци.

Депозити

TТК Банка АД Скопје ја продолжи понудата на промотивниот депозит ПРОМО ФИКС 15 до 31 март 2020 година

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда за штедење во денари и евра на 15 месеци со фиксни каматни стапки, во рамките на производот ПРОМО ФИКС 15 наменет за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Данскиот експеримент дава резултати – „Заштедувате, но истовремено и инвестирате“

Објавено

на

Најновата анкета меѓу банките во Данска покажува дека до 1 јануари 2020 година во оваа земја се отворени нешто повеќе од 50.000 инвестициски штедни книшки. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР од 0,01 до 0,52 процентен поен. Новите каматни стапки се со важност од 15.1.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно