Connect with us

Странски банки

Швајцарските банки ги советуваат клиентите да купуваат акции

Објавено

на

Швајцарските банки, Credit Suisee и UBS ги советуваaт своите клиенти дека сеуште не е доцна да го пренасочат капиталот од обврзници во акции.

Геополитичките ризици ги држеа инвеститорите подалеку од акциите, но со оглед на подобрувањето на економијата на глобално ниво и растот на акциите, тоа не се покажа како најдобра одлука, пишува Блумберг.

 

Ако ги вклучиме и дивидендите, глобалните акции во последните шест месеси пораснале за 11%.

 

UBS банката ги советува клиентите да ги напуштат обврзниците и готовината и да вложат во акции или пак во хеџ фондови.

 

Слично размислување имаат и во Credit Suisse – “Клиентите колку и да мислат дека е тешко да ги вложат своите пари во акции, тоа на крајот излегува како подобра инвестиција”.

 

Од швајцарските банките велат дека моменталната политичка ситуација во Европа не треба да влијае врз инвеститорите, затоа што има прилично поволна макроекономска средина, која укажува на подобрување на потрошувачката и бизнис доверба.

 

 

Странски банки

Новата анкета на ЕИБ покажува позитивен развој на настаните во банкарското кредитирање во Централна, Источна и Југоисточна Европа

Објавено

на

Европската инвестициска банка (ЕИБ) го објави есенското издание за 2021 година на својата анкета за банкарското кредитирањево ЦИЈИЕ. Извештајот ги истражува стратегиите на меѓународните банки активни во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) и пазарните услови како што ги оценуваат банките кои работат таму. Извештајот обезбедува анализа и споредба на ниво на регион и на ниво на поединечни земји. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕИБ: Позитивни движења во банкарското кредитирање

Објавено

на

Во Централна, Источна и Југоисточна Европа побарувачката за кредити е зголемена и пристапот до кредити е олеснет, но подобрувањата првенствено се однесуваат на физички лица, а не на стопанството, покажува новата студија на Европската инвестициска банка. Истражувањето укажува на позитивни трендови во банкарското кредитирање во Централна, Источна и Југоисточна Европа Во последните шест месеци состојбата кај проблематичните кредити е подобрена, но не се очекува ваквото подобрување да продолжи и во наредните шест месеци, што укажува на одредена неизвесност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ: Наскоро ќе заврши силниот раст на цените во еврозоната

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) верува дека инфлацијата го достигнала врвот во ноември, што значи дека би било прерано да се зголемат каматните стапки бидејќи растот на цените веројатно постепено ќе забави следната година, рече членката на одборот Изабел Шнабел. (more…)

Продолжи со читање



Популарно