Connect with us

Странски банки

Швајцарската централна банка очекува профит од 49 милијарди франци во 2019 година

Објавено

на

Швајцарската народна банка (SNB) процени дека остварила добивка од 49 милијарди франци во 2019 година благодарение на инвестициите во девизи и обврзници со цел да се запре зајакнувањето на домашната валута.

Во 2018 година, швајцарската народна банка забележа загуба од 15 милијарди франци.

Најголем дел од профитот – 40 милијарди франци е благодарение на позициите во странска валута. На крајот на минатата година, девизното портфолио на ШНБ надмина 804 милијарди франци, што е повеќе од вредноста на швајцарскиот бруто-домашен производ.

Швајцарската народна банка (SNB) купува девизи за да го запре зајакнувањето на домашната валута, што инвеститорите ја сметаат за сигурна инвестиција во време на криза. Силниот франк им штети на швајцарските извозници, а поддршката за домашната економија е составен дел од мандатот на централната банка, како и одржувањето на ценовната стабилност.

Иако, од швајцарската народна банка не се бара да оствари профит, таа сепак тоа го остварува.

Дополнителни 6,9 милијарди американски долари во ланската добивка беа генерирани од зголемувањето на вредноста на вложување во злато, според првичните податоци.

Врз основа на резултатите во 2019 година, швајцарската народна банка ќе плати две милијарди франци дивиденди на сојузната влада и кантоните и ќе разговара со претставниците на Министерството за финансии за можни дополнителни исплати за 2019 и 2020 година.

Странски банки

Заборавете на доларот, купувајте злато! Цената на овој скапоцен метал допрва ќе расте

Објавено

на

Тековната финансиска политика на американските власти ја поткопува довербата во доларот и ги принудува инвеститорите да купуваат злато што е можно поактивно. Ваквиот коментар го објави една од најголемите светски инвестициски банки во светот, „Goldman Sachs“, пренесува „Bloomberg“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ ги советува банките да не исплаќаат дивиденди до почетокот на следната година

Објавено

на

Банките во еврозоната би требало да причекаат со исплата на дивиденди и откуп на акции до 1 јануари следната година, стои во најновите препораки на Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Германската централна банка најави рекорден пад на германскиот БДП во вториот квартал

Објавено

на

Германската економија веројатно ќе го заврши вториот квартал со невиден пад на економските активности поради условите што ги диктира пандемијата на коронавирусот, се наведува во денеска објавениот извештај на германската Централна банка – Бундесбанк. (more…)

Продолжи со читање

Популарно