Connect with us

Странски банки

Швајцарската централна банка е подготвена да обезбеди 50 милијарди франци за “Credit Suisse”

Објавено

на

Швајцарската централна банка и регулаторното тело на финансиските пазари (Finma) денеска соопштија дека “Credit Suisse”, чија вредност на акциите падна за речиси една четвртина, ги исполнува барањата за капитал и ликвидност и може да пристапи до капитал за ликвидност „во случај на потреба“.

„Credit Suisse ги исполнува барањата во однос на прашањето за капитал и ликвидност воведени за банкарските гиганти. Во случај на потреба, швајцарската национална банка ќе стави капитал за одржување на ликвидноста на Credit Suisse“, се вели во заедничката изјава на швајцарската централна банка и регулаторното тело (Финма).

Ова го соопштија по целодневен молк во кој вредноста на акциите на швајцарската банка “Credit Suisse” забележа најголем пад во својата историја и трговскиот ден го завршија со губење на 24,24 проценти од вредноста.

Паника настана кога најголемиот акционер на “Credit Suisse”, Саудиската национална банка изјави дека не може да и обезбеди на банката поголема финансиска помош и да го зголеми својот удел кој во моментов изнесува 10 отсто.

Финансиските пазари и пазарите на капитал се вознемирени по колапсот на американската банка СВБ и стравуваат дека тој може да се прошири и во други банки и земји.

Странски банки

Банкарскиот сектор се стабилизира, берзите растат втор ден по ред

Објавено

на

На европските берзи утринава цените на акциите пораснаа втор ден по ред, најмногу во банкарскиот сектор, кој закрепнува по серијата мерки на централните банки за стабилизирање на секторот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми каматните стапки за 0,5 процентни поени со цел да ја намали инфлцијата

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) зголеми три клучни каматни стапки, за 0,5 проценти со цел да го намали нивото на инфлацција. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Роберт Кијосаки – човекот кој ја предвиде финансиската криза во 2008 година и колапсот на Леман Брадерс, предвидува слично сценарио и за уште еден банкарски гигант!?

Објавено

на

Колапсот на Silicon Valley Bank (SVB), која прекина со работа во петокот, откако не успеа да собере нов дополнителен капитал, па продаде државни обврзници со големи загуби за да ги исплати клиентите што ги подигнаа своите парични средства, придонесе целиот финансиски сектор да биде нестабилен и стравувањата се дека кризата може да се прошири и во други банки и земји. (more…)

Продолжи со читање

Популарно