Connect with us

Останато

Швајцарија очекува најголем пад на БДП уште од далечната 1975 година

Објавено

на

Швајцарската економија оваа година ќе претрпи најлош пад во последните неколку децении, бидејќи пандемијата од коронавирусот го нагризува производството и работните места, соопшти швајцарската влада, но и истакна дека падот ќе биде помал од очекуваниот и ќе изнесува 6,2 проценти.

Тоа е најголем пад на швајцарскиот БДП од 1975 година, кога земјата беше погодена од последиците од нафтената криза.

Се очекува и раст на стапката на невработеност на 3,8 проценти, бидејќи надворешната трговија страда, личната потрошувачка се намалува, а компаниите дури сега излегуваат од мерките и суспензиите што им се наметнати да го запрат ширењето на вирусот КОВИД-19.

Новата прогноза на владата, сепак, претставува подобрување во однос на падот на БДП од 6,7 проценти кои ги предвидоа швајцарските владини економисти во април и е поповолен од очекувањето за другите европски земји.

Швајцарската влада очекува постепено закрепнување во текот на втората половина од годината, доколку не се случи масовен втор бран на болеста, заедно со сериозни ограничувања.

За 2021 година е предвиден економски раст од 4,9 проценти, иако невработеноста и понатаму ќе остане висока според швајцарските стандарди, од 4,1 проценти.

Швајцарската влада одговори на кризата со пакет стимулации во вредност од над 60 милијарди франци, што е близу 10 проценти од националниот БДП, а над 15 милијарди швајцарски франци за итни заеми исто така се распределени за скоро 130 илјади компании. Околу 1,9 милиони луѓе, или 37 проценти од работната сила, побарале државна помош.

Останато

УЈП: Корисниците на МОЈДДВ кои имаат трансакциска сметка на Еуростандард банка да извршат промена

Објавено

на

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Еуростандард Банка, да извршат промена со внесување на валидна трансaкциска сметка, со цел исплата на средства од поврат на ДДВ за физички лица.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Рустеми: „АД Пошта” ја стопираше услугата платен промет, откако ѝ е одземена дозволата на Еуростандард банка

Објавено

на

Генералниот директор на АД Пошта Северна Македонија, Ејуп Рустеми на прес-конференција одржана по повод одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка АД Скопје со која Македонската пошта имаше договор за извршување на услугата платен промет, изјави дека платниот промет што се врши преку АД Пошта Северна Македонија е стопиран и ќе се активира кога ќе биде потпишан договор со друга банка во законска процедура. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фондот за осигурување на депозити: Депонентите во Еуростандард банка АД Скопје ќе бидат обештетени за своите депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит

Објавено

на

Фондот за осигурување на депозити согласно Решението на гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15 -20139/1 од 12 август 2020 година за укинување на дозволата за основање и работа на Еуростандард банка АД Скопје ги известува сите физички лица – депоненти на Еуростандард банка АД Скопје дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити кои ги имаат во Банката ќе започне во рок од 20 дена и ќе се изврши во согласност со законските прописи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно