Connect with us

Странски банки

Швајцарија вложува огромни напори да го „бутне” франкот

Објавено

на

Швајцарската централна банка планира да преземе дополнителни девизни интервенции во борба против претерано силниот франк.

Сепак, претседателот на централната банка, Томас Џордан, во моментов не гледа понатамошно намалување на каматните стапки како примарен инструмент во борбата против високата вредност на валутата, што и нанесува штети на извозната економија на земјата.

„Доколку е потребно, ние сè уште имаме простор за маневрирање, но сега се фокусираме на девизната интервенцијата со цел да го ограничиме притисокот врз швајцарскиот франк“, рече Џордан во интервју за „Tribune de Geneve”.

Најголемата рецесија поттикната од коронавирусот предизвикува финансиска криза на рамниште на Големата депресија од 1930-тите, а тоа доведе до огромен раст на притисокот врз швајцарската валута, што претставува безбедно засолниште за многу инвеститори, објасни Џордан за „Sonntagszeitung“. Швајцарскиот франк се стекна со поголема вредност во однос на еврото, но интервенциите вредни неколку милијарди имаа големо влијание.

„Без монетарната политика на Народната банка, во сегашната ситуација ќе видиме сосема различен курс на франкот“, рече Џордан.

Тој не гледа алтернатива за продолжување на тековната ултра-лабава монетарна политика.

„Ние навистина не сме задоволни од негативната каматна стапка. Ќе ја повлечеме веднаш штом тоа го дозволат околностите. Но, во моментов е потребна негативна каматна стапка од минус 0,75 проценти за да се спречи уште поголема штета на земјата“, додаде Џордан.

Странски банки

Корона-кризата започнува да го забавува работењето на словенечките банки

Објавено

на

Тековната корона-криза и воведените мерки за ограничување на ширењето на пандемијата негативно влијаат врз работата на словенечките банки, при што растот на кредитите за домаќинствата се преполови, а растот на корпоративните кредити, исто така, постепено забавува во периодот од јануари до мај, соопшти Централната банка на Словенија. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР и ЕУ ќе го зголемат финансирањето на малите и средните претпријатија на Западен Балкан

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) ја зголемуваат поддршката на малите и средните претпријатија (МСП) на Западен Балкан, со дополнително финансирање по појавување на пандемијата на коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Commerzbank ќе затвори повеќе од половина од своите филијали низ Германија!?

Објавено

на

Според „Börsen-Zeitung”, извршниот одбор на германската „Commerzbank AG” планира да затвори повеќе од половина од 1.000-те филијали низ целата земја до крајот на 2023 година. Покрај тоа, се планира да се намалат речиси 10.000 работни места од вкупно 32.792 колку што во моментов брои германскиот банкарски гигант. (more…)

Продолжи со читање

Популарно