Connect with us

Останато

Човештвото ќе ги потроши резервите на планетата за оваа година!?

Објавено

на

Човештвото ќе ги потроши сите расположливи обновливи природни резерви на Земјата за 2020 година до утре, според научниците кои посочуваат дека овој мрачен праг е достигнат малку подоцна од минатата година, бидејќи пандемијата на коронавирусот го забави неконтролираното исцрпување на природните резерви, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Таканаречениот Ден на надминување на Земјата го означува денот кога човештвото ги „потрошило“ сите биолошки резерви кои Земјата е во можност да ги обновува од година во година.

Тој ден од 1970 година се случува се порано според мрежата „Global Footprint Network“. Тие пресметале дека точката оваа година е достигната на 22 август, во споредба со минатата година кога е достигната на 29 јули, што означува редок случај на пресврт на трендот откако пандемијата го запре животот и предизвика привремен пад на емисиите на стакленички гасови и уништувањето на шумите.

Ова претставува намалување од 9,3 проценти на влијанието на луѓето во однос на годината претходно, велат од мрежата.

Но, тоа не е нешто што треба да се слави, изјави вчера претседателот на мрежата Матис Вакернагел.

„Тоа не е резултат на свесна одлука, туку на катастрофа“, додаде тој.

„Научниците го пресметуваат денот кога човештвото ги троши сите природни резерви што Земјата успева да ги обновува секоја година, проучувајќи ја човековата потрошувачка и потребите за храна, енергија, просторот за домаќинствата и патиштата, т.е. капацитетите на планетата да ги апсорбира глобалните емисии на стакленички гасови“, вели Вакернагел.

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно