Connect with us

Останато

Членките на Македонската банкарска асоцијација се сретнаа со министерот за финансии

Објавено

на

Денес, претставници на сите членки на Македонската банкарска асоцијација, банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро се сретнаа со мининстерот за финансии, д-р Фатмир Бесими.

Во официјалниот дел се обрати министерот за финансии кој истакна дека банкарскиот сектор и финансиската стабилност на истиот е од исклучителна важност за развојот на економијата преку поддршка на домаќинствата и корпоративниот сектор и тоа преку полесен пристап за кредитирање, депозити и други финансиски услуги.

Тој посочи и дека е добро што во услови на криза финансискиот систем остана стабилен.

„Нашиот банкарски сектор покажа уште еднаш дека е резистентен.  Адекватноста на капиталот изнесува 17%. Ликвидната актива изнесува 30% во однос на вкупната актива и ниско учество на лошите кредити од 4,7%, како и остварена добивка во првата половина од годината, која што е природен извор на нов капитал, банкарскиот систем е доволно силен да апсорбира евентуални загуби предизвикани од кризата“, вели Бесими.

Претседателката на Македонската банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова – Штериева, се осврна на реализираните и тековните активности на асоцијацијата од почетокот  на ковид – кризата до денес.

„Банкарскиот систем во секој момент може да одговори на потребите на граѓаните и компаниите, преку квалитетна и соодветна кредитна поддршка и клучно – преку безбедност за нивните депозити. Тоа се темели на стабилноста и сигурноста на банките, штедилниците и банкарскиот систем.“ – истакна Стевкова-Штериева.

Во работниот дел се дискутираше за Предлог-законот за платежни услуги и платни системи, платежните картички за граѓаните како дел од четвртиот пакет за економски мерки за справување со последиците од Ковид-19 како и други теми од заеднички интерес.

Во време на најголема глобална економска криза во последните децении, воспоставената успешна соработка ќе продолжи преку заеднички состаноци на квартална основа.

Останато

Се менува Законот за ДДВ, ќе се прифаќаат електронски фактури

Објавено

на

Со крајна цел да се олесни процесот на издавање, пренос и прием на фактура, ќе се даде можност за користење на фактура во електронска форма – pdf или друг електронски формат – се предвидува во измените на Законот за данокот на додадена вредност кои беа усвоени од страна на Владата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Арафат Муареми: Отворена е истрага за Еуростандард банка, а има и индиции за злоупотреба на европските фондови

Објавено

на

Финасиската полиција отвори предистрага за „Еуростандард банка“, изјави вчера во емисијата Трилинг на ТВ24 директорот на управата Арафат Муареми.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Македонската компанија „Брејнстер“ го освојува австрискиот пазар со обуки за дигитални вештини

Објавено

на

Најпознатата македонска компанија од сферата на образованието базирано на потребите на индустријата, по пет години од своето постоење во земјава се шири во Европа. Брејнстер е еден од ретките македонски брендови кои успешно просперираат на австрискиот пазар. Првите предавања во Виена официјално започнуваат во понеделник, во рамки на т.н. Bootcamps посветени на двете во моментот најбарани и најплатени професии во дигиталниот свет – UX/UI Design и Data Science. (more…)

Продолжи со читање

Популарно