Connect with us

Домашни банки

„Чиста навика“ – Еко акција на вработените во Комерцијална банка за чиста средина

Објавено

на

Во акцијата што вработените и менаџментот од Комерцијална банка АД Скопје и познатите уметници Влатко Стефановски и Весна Гиновска Илкова во соработка со „Пакомак“ ја спроведоа на 9 јуни во Градскиот парк на Скопје, под мотото „Чиста навика“ беа собрани најмалку 40 големи кеси со отпад.

“Во период од еден и пол час (09:00 до 10:30) близу 100 волонтери, некои од нив придружувани од нивните деца, собраа големо количество отпад кој секојдневно го оставаат посетителите на Градскиот парк. Токму затоа и мотото на оваа акција беше „Чиста навика“ или со овој настан учесниците во акцијата сакаа да поттикнат на размислување и совесност при користење на заедничките простори, истите да останат чисти и по нивното користење” – велат од Комерцијална банка.

Освен како едукативна, оваа акција треба да прерасне и во традицонална. Во наредниот период вакви акции ќе бидат организирани и од вработените во филијалите и експозитурите на Комерцијална банка низ Републиката.

Домашни банки

Стопанска банка АД Скопје воведува надоместоци на девизни сметки на правни лица

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје ги известува клиентите дека од 01.07.2018 година воведува надоместоци на девизни сметки на правни лица-резиденти и нерезиденти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Охридска банка Сосиете Женерал формира Клуб на таленти

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал формира Клуб на таленти, наменет за сите млади таленти и потенцијали во различни области. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТОПСИ Журка по трет пат во Скопје

Објавено

на

Овој четврток, 28.06 се собираме повторно пред i-bank store на Кеј 13ти ноември и ќе се предадеме на доброто расположение обезбедено од:

  • DJ Martin
  • JUNE (ЏУН)
  • DJ Zoki Bejbe.

Бидете ТОПСИ и дојдете на ТОПСИ журка со вашите пријатели, подигнете си ваучери за пијалак од i-bank store и не пропуштајте да учествувате и во вредната лотарија:

  • 3 х i-pad 5
  • 3 x BEATS Pill звучници и
  • 3 х BEATS слушалки

Журката започнува во 20 и 30 часот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange