Лични финансии
Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии

Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат.
Дневната потрошувачка е нешто што влијае на вашите финансии повеќе од какви било големи инвестиции или значајни набавки, како што се автомобил, стан, технологија итн…
Во продолжение Ви ги прикажуваме четирите чекори кои можат да ги доведат Вашите лични финансии во најдобар ред.
1. Дознајте и евидентирајте каде одат вашите пари
Најлесен начин да го направите ова е да ги следите вашите трошоци. Се разбира, треба да ги следите и приливите, но бидејќи приливите обично се стабилни, трошоците се она на што треба да се фокусирате.
За да го направите тоа што е можно подобро, советот е да се дефинираат пошироки категории, како што се сметки, намирници, излегувања, облека и слично.
Доколку плаќате електронски, многу полесно ќе следите каде сте потрошиле и колку, бидејќи имате увид во сите трансакции што ги правите. За оваа задача можете да искористите и некоја од бројните апликации за паметни телефони чија цел е снимање на личен буџет. Ова ќе биде вистинскиот начин да стекнете увид во вашите навики за трошење, а можеби ќе се изненадите колку пари трошите на некои работи кои навистина не ви се важни.
Суштината на овој прв чекор е, како што рековме, да ги разберете вашите секојдневни навики за трошење, бидејќи тие влијаат на вашите финансии многу повеќе отколку некои големи парични одлуки.
2. Поставете цели, но РЕАЛИСТИЧНИ
Кога станува збор за финансиите, постојат три типа на цели:
- краткорочни
- среднорочни
- долгорочни
Секој од нив треба да биде конкретен, мерлив, временски ограничен и реален, т.е. остварлив. Последново е можеби најважното, бидејќи нереалните цели често доведуваат до фрустрација.
Бидејќи не е можно да се работи на сите овие цели истовремено, одредете која цел ви е приоритет и доколку е можно, вклучете ги другите членови на семејството во работата за постигнување на целта.
Често може да слушнете од експерти за лични финансии дека првата цел треба да биде создавање на т.н резервен фонд. Тоа се средства за непланирани трошоци и претставуваат основа на вашата финансиска сигурност.
3. Направете план
Откако ќе ги направите претходните две работи, време е за централниот дел од приказната, т.е. време е да го направите вашиот финансиски план.
Можеби плановите изгледаат поинаку, но важно е што ви помагаат да ги зголемите личните приходи. Правилото 50/20/30, може да ви помогне да започнете.
За сите што претпочитаат формални начини на работа, вистинскиот начин е да направите финансиски план за следната година и да го поделите по месеци – подредете ги категориите на вашите трошоци (трошење, заштеди, отплата на долг) во редови и направете колони „планирани“ и „постигнати“ .
4. Следете ги остварувањата
Овој дел доаѓа на крајот, но бара најмногу енергија.
Треба да следите дали вашиот план се спроведува како што сте планирале или дали има простор за корекција. Доколку планот минимално отстапува од првичната проекција (на пример, овој месец не можете да одите во кино, но посакуваниот филм ќе го гледате дома), тогаш можете да продолжите со спроведувањето на планот.
Меѓутоа, ако има некои големи отстапувања, тогаш треба да размислите дали плановите што ги поставувате се реални или навистина ви се толку важни. Не двоумете се да го прилагодите планот доколку е потребно.
Лични финансии
Десет навики на луѓето со најголема самодоверба

Ko-oсновачот на компанијата Sky Bell, Ендрју Томас, ги сподели своите искуства и размислувања за кои верува дека луѓето кои сакаат да градат доверба е потребно да ги имаат. (more…)
Лични финансии
Како најдобро да ги користите платежните картички додека сте на одмор?

Човек на одмор може целосно да се опушти, а таа ситуација лесно може да доведе до заборавање на провизиите и каматите за плаќање со кредитни картички. За платежните картички да не ви прават главоболки понатаму, прочитајте ги следниве корисни совети како најдобро да ги користите додека сте на одмор. (more…)
Домашни банки
НЛБ Банка и Кроација осигурување – Живот во сабота на Школка ќе го одбележат месецот на финансиско советување

Кроација осигурување – Живот во соработка со НЛБ Банка АД Скопје во изминатиот месец го организираа „Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти“. Преку настанот што ќе се одржи во сабота, на 4-ти јуни, на Школка во Градски парк Скопје, компаниите ќе го заокружат месецот на финансиско советување. (more…)
- Анализипред 3 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер