Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Четири работни дена, три слободни, РЕЗУЛТАТОТ: Зголемена ефикасност за 20 проценти

Објавено

на

Пред една година, бизнисменот од Нов Зеланд, Ендрју Барнс во својата компанија Perpetual Guardian воведе една интересна иновација. Во компанијата за управување со недвижности со 240 вработени, тој експериментално воведе четиридневна работна недела.

А каков беше резултатот?

Ефикасноста се зголеми за 20 проценти, 78 проценти од вработените се чувствуваа поспособни за контрола на своите работни обврски во споредба со 54% од претходно, а за тоа време приходите останаа непроменети, но трошоците драстично се намалија.

Замислете четири дена на работното место и три дена слободни за семејството, за децата, за дополнително образование, хоби, повеќе продолжени викенди, а плата идентична како пред тоа…Идејата за четиридневна работна недела не е нова. Но, за разлика од повеќето други обиди во кои беа намалени платите или вработените подолго остануваа на работа за да се надокнади петокот,  Ендрју Барнс во неговата компанија на вработените им гарантира идентична плата, под услов тие добро да ги организираат своите работни обврски и да бидат ефикасни како и во вообичаените пет работни денови.

Тој на своите вработени не им даде формула за попродуктивно извршување на работата во скратена работна недела, туку решението го бара од нив.

Притоа, бизнисменот Барнс не инсистираше на тоа дека секој треба да работи со исто  високо темпо за пократкото работно време. На оние вработени на кои брзањето во изврѓувањето на работните обврски им било стресно, имале можност да си ги задржат 5-те работни денови во неделата, редовно или повремено, онака како што нив им одговара.

На некои од вработените им беше дозволено да дојдат порано на работа и да ја завршат работата пред останатите, па можеа да си заминат од работното место порано, со цел да го избегнат сообраќајниот метеж или да одат по своите деца во градинка.

Четиридневна работна недела не е само имагинација или иновација, тоа е реалност која веќе се применува во некои светски компании. Дали во Македонија има некој храбар бизнисмен кој ќе се одлучи на ваков чекор!?

Останато

7% од кредитоспособните лица, лани зеле брз кредит

Објавено

на

Граѓаните се заинтересирани за услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити. Земаат просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а во минатата година седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва. Од година во година секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сузбивање на сивата економија е можно со здружена стратешка акција

Објавено

на

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема: „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија. На високо ниво, претставниците на Владата, домашни и странски експерти, професори и истакнати стопанственици дискутираа за најголемите предизвици на компаниите во борбата со сивата економија, конкретни решенија за нејзино сузбивање како и очекуваните ефекти за стопанството и економијата од воведување  на нерегистираните субјекти во системот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фондовите од вториот пензиски столб управуваат со милијарда евра на 490.000 идни пензионери

Објавено

на

На крајот на минатата година во двата отворени задолжителни фонда од вториот пензиски столб – КБ Прв пензиски фонд и Сава пензиски фонд членуваа вкупно 490.035 идни пензионери на кои од личниот доход им се издвојуваат средства во задолжителните пензиски фондови. На крајот на 2018 година тие управуваат со безмалку 1 милијарда евра средства на своите членови колку што се собрани во 13те години, односно од почетокот на пензиската реформа во 2006 година. Иако на самиот почетокот на реформата, стартната позиција на двете друштва беше иста, сепак КБ Прв пензиски фонд сега има повеќе членови, поголемо пазарно учество и управува со повеќе средства во споредба со другиот фонд, односно управува со портфолио кое е поголемо за околу 62 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange