Домашни банки
Четири лица од „Еуростандард банка“ осомничени за стечајот на банката и за перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за четири лица од пропаднатата „Еуростандард банка“.
Се работи за лица (чии имиња ниту иницијали не се наведуваат), кои имале посебни права и одговорности во банката и кои се осомничени дека ја довеле банката во стечај, а воедно осомничени се и за перење пари.
Според објаснувањето од ОЈО, тие од 2017 до 2020 година масовно ја „прикриле” реалната способност на клиентите за подмирување на обврските и нереалната класификација, и погрешно ја известувале Народната банка и сите заинтересирани за финаниската состојба на банката, што довело до стечај односно депозитите не може да им бидат вратени во пари на доверителите, штедачите и депонентите на банката.
На тој начин со нефункционални кредити биле оштетни 149 правни лица, а должниците со тоа што не ги вратиле и немало механизам за присилно враќање на долг од кредитот, се стекнале со корист.
Исто така, истрагата на ОЈО ќе треба да ги провери сомневањата дека овие лица од 2017 до 2020 година, во повеќе наврати овозможиле отворање на нерезидентни трансакциски сметки преку кои дозволите трансакции и воспоставиле деловен однос со правни лица.
Притоа, сомнителни трансакции кои укажувале на перење пари, имот или имотна корист, не ги пријавувале во Управата за финансиска полиција, иако за тоа во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во 2020 година започнале предистражни постапки.
Народната банка на 12 август лани и ја одзеде лиценцата на „Еуростандард банка“ и побара стечај, а штедачите и оние со тековни сметки во банката формираа Здружение кое тврди дека од нивните сметки на овој начин се украдени околу 60 милиони евра.
Домашни банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)
Домашни банки
Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка ја врачи престижната награда „Роман на годината“ на академик Влада Урошевиќ

Сo сечено врачување на наградата „Славко Јаневски“ на академик Влада Урошевиќ, Комерцијална банка како Генерален покровител одбележа уште едно престижно издание на „Роман на годината“.
Наградата под покровителство на Комерцијална банка се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150 илјади денари, а годинава ја доби романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. Традиционално наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.
Академик Урошевиќ е особено горд на наградата и на своето дело, кое докажува дека „македонскиот јазик може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот“.
Банката обезбедува и 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата, кои годинава одлучуваа за победникот во конкуренција на 35 романи.
„Комерцијална банка е горда што е поддржувач на оваа значајна манифестација, во која препознава искрена желба и длабока волја за негување на македонскиот пишан збор и за создавање богато наследство за идните генерации. Секогаш е полесно заедно да успееме во оваа благородна цел“, порача Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, при врачувањето на наградата.
Со поддршката на „Роман на годината“, како и со целокупната своја поддршка на домашната литература, Комерцијална банка дава долгорочен и исклучително значаен придонес за унапредување на литературното творештво во земјава.
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје