Connect with us

Останато

Четиридневна работна недела – Реалност или фикција!?

Објавено

на

Новата премиерка на Финска, Сана Марин се заложи за воведување на флексибилно работно време во земјата.

Тоа би значело да се работи четири дена во неделата по шест часа на ден.

„Сметам дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своите семејства, со најблиските, да се посветат на своите хобија и други аспекти на животот, како што е културата. Ова може да биде следниот чекор во нашите работни животи“, изјави премиерката Марин за „Daily Mail”.

Сана Марин e најмладиот премиер во светот и мајка на едно дете, ја предводи левичарска коалиција во која се вклучени уште четири други партии предводени од жени, од кои три се под 35 години, пишува весникот.

Пред да стане премиер, Сана Марин беше министер за транспорт на Финска, залагајќи се да се скрати работната недела за да се подобри ставот на работниците кон работата и да се зголеми продуктивноста.

Во Финска во моментов се работи стандардно осум часа на ден, пет дена во неделата.

Предлогот беше ентузијастички прифатен од финската министерка за образование, Ли Андерсон.

„Од големо значење е да им се овозможи на финските граѓани да работат со скратено работно време. Ова барање нема никаква врска со тоа што е предложен од жените, туку со помагањето и исполнување на ветувањата дадени на гласачите“, рече Андерсон.

Во соседна Шведска, каде што беше тестирано и шест часовно работно време во 2015 година, резултатите покажаа дека работниците биле посреќни, попродуктивни и побогати.

Оваа практика е тестирана и од некои од водечките светски компании. Минатиот ноември, Microsoft во Јапонија направи храбар потег за подобрување на рамнотежата меѓу работата и животот со воведување на тридневен викенд за своите вработени.

Резултатите покажаа дека продуктивноста е зголемена за неверојатни 39,9 проценти, пренесува „Daily Mail“.

Останато

Ангеловска: МојДДВ веќе брои над 315.000 корисници

Објавено

на

„МојДДВ веќе брои над 315.000 корисници”, гордо објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил, притоа додавајќи: „Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги – не само затоа што остварувате право на поврат и може да добиете некоја од дневните и месечни награди туку и поради тоа што учествувате во борбата против сивата економија, против затајувачите”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

На четиричлено семејство во јули му биле потребни 33.265 денари за основни потреби

Објавено

на

На едно четиричлено семејство во просек во јули му биле потребни 33.265 денари за задоволување на основните месечни потреби. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Зајакнати мрежните капацитети на операторите, засега нема промени во цените

Објавено

на

Агенцијата за електронски комункации (АЕК) ги спроведе во пракса сите поднесени барања од операторите за јакнење на капацитетите на мрежите, но засега нема конкретен одговор од нивна страна со намалување на цените на јавните комуникациски услуги. На такво нешто регулаторот упати пред повеќе еден месец откако беа создадени услови за примена на мерките од Уредбата што ја донесе Владата во тек на вонредната состојба со оглед на тоа што пандемијата со КОВИД-19 го зголеми обемот на активности преку интернет. (more…)

Продолжи со читање

Популарно