Connect with us

Останато

Четвртиот меѓународен саем на патенти, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2020 ќе се одржи онлајн

Објавено

на

Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM) ги повикува сите домашни пронаоѓачи и иноватори да се пријават за учество на Четвртиот меѓународен саем на патенти, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2020.

Со оглед на познатата ситуација со Ковид 19 пандемијата, Саемот ќе се одржи on-line, од 9. до 11 ноември 2020. На 11 ноември на веб-страницаta www.naim.mk ќе биде објавен официјалниот каталог на саемот, со сите пријавени патенти и иновации, заедно со наградените добитници. Наградите се златни, сребрени и бронзени медали со ликот на познатиот пронаоѓач Михајло Пупин.

Крајниот датум за пријавување е 31. октомври 2020. Учеството на ИНОВАМАК 2020 е бесплатно! Заинтересираните треба да ја пополнат пријавата објавена на www.naim.mk . Дополнителни информации на dpatu_mihajlo_pupin@yahoo.com или на тел. 075-376-831 и 075-228-344.

Со оглед на стекнатиот меѓународен углед што го постигнаа претходните три саеми ИНОВАМАК (минатата година учествуваа 20 земји со вкупно над 100 патентирани пронајдоци!), оваа година се очекува да учествуваат повеќе од 25 земји, и покрај проблемите што произлегоа од пандемијата. Не пропуштајте ја приликата да ја претставите својата иновација пред целиот свет!

Останато

ОЕЦД: Економското закрепнување од пандемијата на Ковид-19 ќе трае долго

Објавено

на

„За првпат од почетокот на пандемијата, има надеж за подобра иднина“, напиша главниот економист на ОЕЦД, Лоренс Бун во новата прогноза за економскиот развој на Организацијата за економска соработка и развој. Но, тој додава дека патот до закрепнување ќе биде полн со опасности и ќе трае подолго за некои земји отколку за другите. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Усвоени законските измени за државна гарантна шема и за основање фондови за развој на стопанството

Објавено

на

Министерството за финансии на својот Фејсбук профил објави дека се усвоени измените и дополнувањата на Законот за Македонска банка, со што се овозможува спроведување на државната гарантна шема која е дел од четвртиот пакет антикризни мерки и Стратегијата за заздравување и забрзан економски раст- #SmartERGrowth, како и можноста Развојна банка да формира фондови за поддршка на развојот на стопанството. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Самит Македонија 2025: Технолошкиот развој и вложувањето во човечкиот капитал клучни за економскиот развој

Објавено

на

Зголемувањето на технолошкиот развој и конкурентноста на компаниите, инвестирањето во капитални проекти и вложувањето во човечкиот капитал треба да бидат во фокусот на државата за да се постигне забрзан економски раст и да се подобри животот на граѓаните. Од голема важност е и учеството на дијаспората и нивното инвестирање во сопствената држава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно