Connect with us

Странски банки

Чао Драги – Што остави зад себе најмоќниот европски банкар?

Објавено

на

По 8 години Марио Драги, италијанскиот експерт за водење на финансиски институции, си заминува од позицијата на претседател на Европската централна банка. Тој на позицијата беше назначен во 2011 година кога еврозоната се соочуваше со голема должничка криза, на која пак и претходеше големата светска финансиска криза. За Драги аналитичарите велат дека успеал да го држи исправено кормилото на европската монетарна унија, особено со проблемите кои ги имаше Грција со надворешниот долг, како и кризата на југот на ЕУ во држава како Португалија, Кипар и делумно Шпанија кои исто така се бореа со мерки за штедење, намалување на економскиот раст и намалена вработеност.

Драги денес го завршува мандатот, а веќе од утре ќе биде наследен од Кристин Лагард, која во Брисел доаѓа од позицијата шеф на Меѓународниот монетарен фонд. На свечена церемонија пред најголемите европски лидери како Макрон, Меркел и Матарела, банкарот Драги ја изведе „Лебедовата“ песна во која порача дека ниските каматни стапки веќе не даваат ист степен на стимул како и во минатото. За монетарната политика да ја постигне својата цел побрзо и со помалку несакан ефект, потребни се други политики за да се засилат. Тој исто така побара поголема поддршка за еврозоната како заедничка цел на Европската монетарна заедница.

„Ни треба фискален капацитет на еврозоната со соодветна големина и дизајн: доволно голем за стабилизирање на монетарната унија, но дизајниран да не создаде прекумерна морална опасност. Националните политики не секогаш можат да го гарантираат вистинскиот фискален став за еврозоната како целина“ – рече Драги.

Европските лидери на заложбата на Драги за одржување на еврото и зацртаните цели за поконсолидиран европски буџет порачаа дека Европската банка не може да ја заврши целата работа за политичарите кои ги водат националните влади, но дека затоа мора да преземат поголема одговорност кон еврозоната и унапредување на заедничката валута и заедничкиот пазар.

 

Наследничката Лагард го испрати Драги со ветување дека ќе продолжи со актуелната монетарна политика, но најави и обнова на институционалната стратегија на ЕЦБ.

„Економските односи и трендови се менуваат- реакциите на политиките што беа соодветни пред две децении, веќе не се валидни. Само преку континуирано истражување можеме да ги разбереме целосно контурите на проблемот и начините на кои можеме да ги решиме и да предложиме нови решенија“ – порача Лагард.

Последните години од управувањето на Драги добија поголеми критики за олабавеноста на монетарната политика по надминување на должничката криза, намалувањето на кредитните стапки кои навлегуваат на „негативна“ територија, како и откупувањето на евро-обврзници од 2,6 трилиони евра со кои се финансираше пазарот на капитал при услови на ниски стапки на инфлација.

Странски банки

Лондонската компанија „Schroders Plc” го зголеми својот удел во НЛБ банка

Објавено

на

Лондонската компанија „Schroders Plc” го зголеми својот удел во словенечката Нова Љубљанска банка (НЛБ) на 5,108%, соопшти банката. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Бруто-добивката на хрватските банки се намали за 22,7 проценти во првиот квартал

Објавено

на

Во првиот квартал од оваа година, банките во Хрватска пријавија оперативен бруто-профит од 1,25 милијарди хрватски куни односно 164,7 милиони евра, што е за 368,6 милиони хрватски куни или 50,9 милиони евра помалку во однос на истиот период во 2019 година, според објавените податоци на Хрватската народна банка. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ се подготвува за печатење на нови 500 милијарди евра

Објавено

на

Инфлацијата во Еврозоната падна на најниско ниво за четири години, поради што аналитичарите и учесниците на пазарот предвидоа нови парични стимулации од Европската централна банка, објави „Bloomberg“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно