Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Криптовалути

Цукерберг ставен на маки – Ја доби првата тужба за Libra

Објавено

на

Facebook не може да крене глава од проблеми поврзани со амбициозно најавената крипто платформа Libra која никако да се етаблира според замислите. Сега Facebook ја доби првата тужба и тоа за нарушување на авторски права, поточно за копирање на лого.

Тужбата ја покрена Current, компанија која се занимава со мобилно банкарство. Нивното лого е речиси идентично како и на Calibra, компанијата која беше основана од Facebook за да управува со Libra проектот.

Логоата на двете компании се изработени од истата фирма, Character од Сан Франциско. Current тврди дека нивното лого било регистрирано неколку дена пред Facebook да објави дека ќе развива сопствена криптовалута и посебен крипто дигитален паричник за управување со трансакциите.

„Facebook ги има сите пари и ресурси во светот. Ако тие навистина сакаат да го направат банкарството повеќе инклузивно, фер и достапно, тогаш требаше да смислат сопствени идеи и брендинг како што ние направивме, истакна Стјуар Соп главниот извршен директор на Current.

Исто така Facebook ги изгуби речиси сите значајни партнери во Libra асоцијацијата меѓу кои PayPal, e-Bay, Stripe, MasterCard и Visa кои истакнаа дека повеќе нема да бидат дел од платформата и тоа пред да се одржи првиот состанок на бордот на директори во понеделник.

Криптовалути

Биткоинот бележи пораст од над 140 отсто од почетокот на годината

Објавено

на

Од почетокот на годината до денес, биткоинот бележи пораст од над 140% и неговата сегашна вредност е над 9.000 американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Поранешниот шеф на ЕЦБ вели дека биткоинот „не е реален“

Објавено

на

Најпознатата криптовалута биткоин нема никакви валутни карактеристики и е чисто шпекулативна, изјави поранешниот претседател на Европската централна банка Жан-Клод Трише. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Кина го донесе првиот „крипто закон“ кој стапува на сила во почетокот на 2020 година

Објавено

на

Кина го воведува првиот “крипто закон“ во светот којшто ќе ги регулира криптографијата и управувањето со лозинки. Овој закон, којшто беше донесен од одборот на 13. Национален народен конгрес, треба да стапи во сила на 1. јануари 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange