Connect with us

Останато

ЦРНО И СЕ ПИШУВА НА НАЈМОЌНАТА ЕВРОПСКА ЕКОНОМИЈА – Германската економија ќе загуби над 260 милијарди евра!?

Објавено

на

Германската економија ќе загуби над 260 милијарди евра додадена вредност во периодот до 2030 година поради повисоките трошоци за енергија и војната во Украина, што ќе доведе и до негативни последици за пазарот на трудот, се наведува во студијата на Институтот за вработување (IAB), цитирани од „Reuters”.

Германскиот бруто-домашен производ (БДП) приспособен според инфлацијата би можел да биде помал за 1,7 проценти следната година, со пад на вработеноста за околу 240.000 лица, покажа истражувањето.

Вработеноста се очекува да остане околу ова ниво до 2026 година, кога мерките за проширување постепено ќе почнат да ги засенуваат негативните ефекти и да доведат до зголемување за околу 60.000 вработени лица во 2030 година.

Еден од големите губитници, сепак, ќе биде хотелскиот и ресторанскиот сектор, кој веќе е силно погоден од пандемијата на коронавирус и веројатно ќе ги почувствува ефектите од падот на потрошувачката моќ на домаќинствата.

Веројатно ќе бидат погодени и енергетски интензивните сектори како што се хемиската индустрија и производството на метали.

Ако цената на енергијата, која досега беше 160 отсто повисока, повторно се удвои, германскиот БДП во 2023 година би бил речиси 4 проценти помал отколку што би бил без војната, наведува институтот.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно