Форекс
“ЦРНОТО ЗЛАТО” ПОВТОРНО РАСТЕ – Нов висок пораст на цената на нафтата


Цените на нафтата рано утринава бележат нов висок пораст од шест проценти. Цените се вратија блиску до 110 долари за барел, поради тоа што вестите за мировните преговори меѓу Русија и Украина не се охрабрувачки.
Вредноста на барелот на лондонскиот пазар достигна 109,15 долари, што претставува раст од шест проценти во однос на вчера.
Барелот на американската берза поскпе за 2,56 проценти и се тргува за 106,52 долари.
Во претходната недела цените на нафтените деривати паѓаа и достигнаа нивоа под 100 долари.
Денеска треба да се менуваат цените на бензините и кај нас. Сепак одлуката Регулаторната комисија ја носи анализирајќи ја цената на нафтата во последните пет дена што значи дека денешното поскапување нема да влијае на таа одлука.
Форекс
Руската рубља ќе стане официјална валута во дел од украинските градови


Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1-ви мај, објавија руски државни медиуми. (more…)
Форекс
Доларот опасно му се приближува на еврото!


Еврото утринава падна на најниско ниво во последните пет години од 1,05890 долари, откако руски „Газпром” соопшти дека ќе го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија. Падот под 1,06 долари за прв пат по пет години во однос на генерално силниот американски долар доаѓа поради зголемената загриженост околу енергетската безбедност и забавувањето на растот во Кина и Европа. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје