Connect with us

Анализи

Црногорците земаат кредити, не прашуваат за камати!

Објавено

на

Од 1,19 милијарда евра кредит, колку што во првата половина од годината се задолжи црногорското население, 621 милион се готовински и ненаменски и 367 милиони се станбени кредити, објави Централната банка.Овие податоци укажуваат дека граѓаните најмногу се задолжуваат со потрошувачки кредити, и тоа по мошне висока камата.

Задолжувањето на населението кон банките дополнително се зголеми минатата година, и тоа од 1,02 на 1,125 милијарда евра, според извештајот поднесен од страна на Централната банка до собранието на Црна Гора.

Минатата година населението се задолжи со 476,5 милиони евра со нови кредити од банките. Новото задолжување главно се однесува на парични заеми од 63,7 %, што во најголем дел е најпопуларниот тип кредити за населението – се вели во извештајот.

На крајот од минатата година долгот на населението изнесуваше 26,5 % од БДП, а во 2016 година изнесуваше 25,7 %.

Анализи

Нео банки – уште еден предизвик за традиционалното банкарство?

Објавено

на

Со нови иновативни концепти и нови финасиски учесници на пазарот, се чини дека не недостасуваат нови тенденции во банкарството. Дали сте слушнале за банките Moven или Simple, или GoBank? Можеби за Bluebird (American Express) или Mobile Money (T-Mobile)? Ова се сите Нео-Банки. Коренот на зборот “нео” на грчки значи “млад” и “нов”. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои беа главните заклучоци на првата конференција за е-трговија во Македонија?

Објавено

на

Во петокот, 26-ти октомври, во хотел Мериот се одржа првата конференција за е-трговија во Македонија, која го носеше насловот “е-Трговија: е-Иднината за е-Македонија!”. Со скоро 400 присутни гости и повеќе од 30 говорници на сцена, конференцијата докажа дека во Македонија постои огромен интерес за развој на оваа индустрија. Агендата ја сочинуваа микс од поздравни говори, панел дискусии, говори и презентации и забавни елементи во форма на интерактивен квиз во кој учествуваше целата публика и музичка изведба на хумористичната песна “Цена?” од Дебелиот крај. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонците потрошиле 63 милиони евра за купување онлајн во првото полугодие од 2018

Објавено

на

Во преполна конференциска сала во хотел Мериот, изутринава започна првата конференција за е-трговија во Македонија на која се дискутира за тековните состојби, предизвици и идните трендови на полето на електронската трговија. Под насловот “е-Трговија: е-Иднината за е-Македонија!”, на конференцијата свое излагање и учество имаат над триесетина говорници, модератори и панелисти од 8 земји. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange