Форекс
ЦРВЕН АЛАРМ НА БЕРЗАТА – Кои акции беа најпогодени од драстичниот пад на МБИ10 индексот?


Пазарот на капитал во Северна Македонија доживува драстичен пад на вредноста што најмногу се гледа со движењето на индексот МБИ10 на Македонска берза кој ги содржи десетте најликвидни хартии од вредност на котираните акционерски друштва.
Оваа негативна атмосфера кај инвеститорите се должи на блокадата што ја добивме од францускиот претседател Емануел Макрон, кој одлучи да го спречи патот на нашата земја кон членство во ЕУ.
На последниот ден за тргување на македонската берза немаше ниту една акција која забележа раст на својата вредност.
Најпогодени од оваа ситуација беа акциите на Aлкалоид АД Скопје кои забележаа пад од 6,43%. Падот на Македонската берза негативно се одрази и врз вредноста на акциите на Макпетрол АД Скопје кои забележаа пад од 3,92%, како и врз акциите на Стопанска банка АД Скопје кои забележаа пад од 3,39%.
Пад на вредноста на акциите забележаа и Гранит АД Скопје од 3,13% и Комерцијална банка АД Скопје од 2,66%.
Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.4950 денари.
Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 55.0389 денари, британската фунта изнесува 71.5641 денари, додека пак швајцарскиот франк е 55.8944 денари.
Форекс
Пад на акциите на европските берзи во пресрет на седницата на ЕЦБ


Вредноста на акциите на европските берзи денеска бележат пад, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици во пресрет на состанокот на лидерите на Европската централна банка, од кој се очекува да бидат најавени зголемувањата на каматните стапки, имајќи ја предвид рекордната инфлација во еврозоната. (more…)
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во мај?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.05.-31.05.2021 година вкупниот промет изнесува 577.516.979 денари и е намален за високи 40,11% во однос на претходниот месец април. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје