Connect with us

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје оствари добивка во висина од 14 милиони денари за девет месеци

Објавено

на

Во периодот март-јуни 2020 година, македонската економија се одвиваше во услови на прогласена вонредна состојба.

Причината е појавата на епидемијата КОВИД-19, која енормно брзо се рашири низ целиот свет, по што Светската здравствена организација прогласи пандемија.

Во многу национални економии настана комплетен прекин на одделни економски активности. Границите беа затворени, беа прекинати синџирите на набавки и доставување, привремено беа затворени производствените капацитети со цел справување со епидемијата КОВИД-19.

Македонската економија во тој период се одвиваше во услови на воспоставен високорестриктивен полициски час за одделни старосни групи на население, затворени производствени, услужни и трговски капацитети. Следствено, Банката забележа пад во бројот на банкарски операции, зголемени трошоци со цел заштита на вработените и клиентите на Банката, поради што во третото тримесечје се јавуваат значителни отстапки од првичниот план за 2020 година.

Заклучно со третото тримесечје од 2020 година, Банката оствари добивка во висина од 14 милиони денари. Овој финансиски резултат е за 20 милиони денари подобар од резултатот остварен минатата година, но е за 43,7% понизок од планираниот за периодот.

На 30 септември 2020 година, вкупната актива/пасива на Банката бележи незначителна промена во однос на крајот од минатата година и остварување на  поставениот план од 94,8%.

Вложувањата во државни записи бележат пораст со што позицијата вложувања во хартии од вредност е повисока во однос на истиот период претходната година за 34,2% и за 13,7% повисока од планот. Соодветно на тоа, Паричните средства и парични еквиваленти бележат пад од 40,4% и отстапување од планот за 32,3%.

До третото тримесечје на 2020 година, Банката бележи пораст на кредитната активност кај секторот население и опаѓање на истата кај нефинансиските друштва. Позицијата кредити на и побарувања од други комитенти бележи пораст од 5,4% во однос на крајот од 2019 година. Оваа позиција порасна за 368.5 милиони денари. Во однос на поставениот план, позицијата кредити на и побарувања од други комитенти бележи реализација од 96.8%.

Позицијата останати побарувања, бележи голем пораст и во однос на претходната година и во однос на поставениот план, што во основа се должи на евидентираната авансна исплата на пензиите во септември.

Позициите нематеријални средства и недвижности и опрема бележат пад во однос на крајот на минатата година, што се должи на континуираната амортизација на овие средства.

Позицијата депозити на други коминтенти остана стабилна и во третото тримесечје, при што планот е реализиран со 94%.

Преземените активности во доменот на управувањето со изворите на средства, доведоа до зголемување на расходите за камати за 1,3% во третото тримесечје во однос на истиот период минатата година. Остварените расходи за камати во третото тримесечје од 2020 година, во однос на планираните, се пониски за 6,4%.

Континуираниот раст на кредитна активност, особено во сегментот домаќинства, предизвика раст на позицијата приходи од камати од 1,1% во споредба со истиот период минатата година, односно подобрување за 3,3 милиони денари. Вкупниот план за оваа позиција бележи реализација од 92,4%.

Во текот на 2020 година, позицијата приходи од провизии бележеше одредено намалување, но во третото тримесечје, како резултат на привлечени нови клиенти во Банката, забележан е пораст на приходите од провизии за 5.6% во однос на истиот период претходната година или подобрување од 4,7 милиони денари. Тој пораст придонесе кон пораст на позицијата нето-приходи од провизии и надомести за 3,8% или 2,1 милиони денари, во однос на истиот период претходната година, додека планот е исполнет со 95,8%.

Во однос на позицијата трошоци за вработените, забележан е незначителен пораст од 0,7%. Планот е реализиран со 97,8%.

Позицијата останати расходи од дејноста бележи зголемување во однос на истиот период минатата година од 5,1%. Остварени се повисоки останати расходи од дејноста за 1,5% во однос на планот.

Останатите приходи од дејноста се пониски во однос на претходната 2019 година  и во однос на планираните за периодот.

Заклучно со третото тримесечје на 2020 година, реализирани се повисоки нето–приходи од курсни разлики за 24,5% во однос на истиот период минатата година.

Расходите за амортизација бележат пад од 3,1% во однос на истиот период минатата година и незначително отстапуваат од планираните.

Заклучно со третото тримесечје од 2020 година, како резултат на задржаната стабилност и квалитет на кредитното портфолио, издвоена е исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа во износ од 13,1 милиони денари, односно забележано е подобрување на оваа позиција во износ од 24 милиони денари во однос на истиот период минатата година. Оваа позиција е за 64,7% пониска од истиот период минатата година и 37,7% пониска од планираната.

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ се предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација донира лаптопи за студенти и ученици

Објавено

на

Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветува на финансиската писменост на клиентите на членките на асоцијацијата, банките и штедилниците, и вложува ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка со уште една општествено одговорна мисија – Онлајн обуки за практични вештини и знаење на 500 средношколци

Објавено

на

Во услови на пандемија од вирусот Covid-19 и ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. (more…)

Продолжи со читање

Популарно