Connect with us

Домашни банки

ЦКБ Банка со понуда до своите клиенти – физички лица за промена на договорните услови на кредитните производи

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека на ден 03.04.2020 година огласи ЈАВНА ПОНУДА за промена на договорните услови на кредитните производи на клиентите на Банката – физички лица.

Со огласување на Јавната понуда на официјалната интернет страница на Банката, истата се смета за формално доставена до сите клиенти на Банката – физички лица.

Јавната понуда се однесува на сите клиенти физички лица, кои користат кредитни изложености во Банката, а кои заклучно со 29.02.2020 година ги отплаќаат своите месечни обврски без доцнење односно се класифицирани во категорија на ризик буква А, Б или В и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност .

Понудата опфаќа одложување на отплатата на сите кредитни изложености по кредити, кредитни картички и дозволени пречекорувања за период од 6 (шест) месеци, сметано од 13.04.2020 година и продолжување на рокот на крајното достасување за дополнителни 6 (шест) месеци.

Целосната содржина на Јавната понуда, со сите детали за начинот на нејзино прифаќање и одбивање, може да се најде на следниот линк:

ЈАВНА ПОНУДА за промена на договорните услови на кредитните производи на клиентите на Банката – физички лица

Централна кооперативна банка ги повикува киентите детално да се запознаат со целосната содржина на огласената понуда.

На сите клиенти кои ќе оценат дека имаат доволен финансиски капацитет за пребродување на кризата, Банката им препорачува да продолжат со редовна отплата на своите месечни обврски.

ЦКБ Банка ги повикуваме сите свои клиенти физички лица за кои оваа понуда не важи, а кои имаат потреба од промена во начинот на сервисирање на обврските,  да се обратат во некоја од деловните единици на Банката, со цел да се разгледаат сите опции.

Исто така, од Банката ги замолуваат членовите на семејствата на повозрасните клиенти – кои не користат интернет, да им помогнат на истите во презентација на содржината на понудата и начинот на нејзино прифаќање или одбивање.

Преку оваа јавна понуда Банката се вклучува во колективните напори за полесно надминување на последиците од актуелната криза.

Со желба со здружени сили да победиме во заедничката борба за нашето здравје, Централна кооперативна банка ви посакува секое добро на вас и на вашите семејства.

Домашни банки

Благодарница до Комерцијална банка за донацијата на 6.000.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Објавено

на

Солидарноста и хуманоста во Комерцијална банка не познаваат граници, особено кога сме сведоци на трагедии од големи размери, какви што беа земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

2,2 милиони успешни трансакции во 2022 година со е-commerce од Комерцијална банка

Објавено

на

Е-продавницата стана задолжителна алка во синџирот кој продуцира успешни бизниси во денешното дигитално време. Пред и по Covid-пандемијата веќе ништо не е исто и затоа онлајн продажбата освојува сѐ повеќе купувачи. Токму затоа и Комерцијална банка е особено горда на својот придонес за развојот на е-трговијата во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“ и за 2022

Објавено

на

Празникот на македонското литературно творештво, манифестацијата „Роман на годината“, секоја година е повод за нова гордост и нов подвиг на целокупната културна дејност во земјава. Токму затоа Комерцијална банка е особено горда што шеста година по ред е генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“, која годинава ќе му се додели на романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно