Connect with us

НБРМ

ЦЕФ ги претстави успешните реформи на НБРМ во доменот на статистиката на финансиските сметки

Објавено

на

Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), како меѓународна организација чијашто мисија е да го поддржи развојот на капацитетите на финансиските службеници во Југоисточна Европа, деновиве ги претстави реформите и резултатите коишто Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ги оствари со активностите спроведени досега од доменот на статистиката на финансиските сметки. Притоа, НБРМ преку веб-платформата на ЦЕФ ги сподели своите искуства од овој значаен реформски процес, и тоа од започнувањето на овие активности во 2007 година па до сега.

Кон крајот на минатата година, по големата посветеност на развојот на овој значаен сегмент на централнобанкарската статистика, НБРМ го оствари првиот пренос на податоци за финансиските сметки до статистичката служба на Европската Унија – ЕВРОСТАТ.

Годинава, НБРМ ги испорача и статистичките податоци за движењата на финансиските сметки на државата,коишто претставуваа значајна влезна компонента за табелите за известување за ЕДП. Со тоа се направи уште еден голем чекор кон исполнување на барањата на ЕУ во сферата на статистиката, а во согласност со стратегиските цели на НБРМ.

Како што беше нагласено и во претставувањето, НБРМ е подготвена и за натамошните предизвици во развивањето на статистиката на финансиските сметки. Обезбедувањето квалитетни статистички податоци, целосно усогласени со меѓународните и европските статистички стандарди, е една од нејзините стратегиски определби, дефинирани и во нејзиниот Стратегиски план за следниот тригодишен период.

НБРМ е единствената централна банка чиишто искуства од доменот на статистиката на финансиските сметки ЦЕФ ги афирмира на ваков начин пред сите свои членки. Тоа е уште една потврда дека НБРМ не е само една од институциите коишто се двигатели на реформите на статистичкиот систем на Република Македонија, туку и еден од регионалните лидери во централнобанкарската заедница, во сферата на централнобанкарската статистика.

Претставувањето на реформите и резултатите коишто НБРМ ги оствари со активностите спроведени досега од доменот на статистиката на финансиските сметки е достапно на веб-страницата на ЦЕФ.

НБРМ

НБРМ: Одржана 31. сесија на Клубот на истражувачи

Објавено

на

На 13 декември 2018 година во Народната банка на Република Македонија се одржа 31. сесија на Клубот на истражувачи на која по поздравното обраќање на гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, беа презентирани истражувачките трудови:  „Оценување на ефикасноста на банките во Република Македонија: Непараметарски пристап“ од д-р Катерина Фотова-Чиковиќ и д-р Виолета Цветкоска, професорка на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и „Дезинфлаторните прелевања од земјите во eврозоната кон земјите од Југоисточна Европа“ од м-р Гани Рамадани од НБРМ и Предраг Пандилоски од „Вотсон скул“ при Универзитетот на Пенсилванија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ повторно ја намали основната каматна стапка – сега изнесува 2,50%

Објавено

на

Централна Банка

На 11 декември 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на којашто беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ: Издадени и пуштени во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Објавено

на

Централна Банка

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Вага“, „Скорпија“ и „Стрелец“ од серијата „Хороскопски знаци“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 128/18 и 170/18). (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange