Странски банки
Централните банки во светот забрзано се префрлаат од доларот кон златото


Централните банки во целиот свет забрзано ги зголемуваат резервите на злато кои ги имаат и кои минатата година достигнаа максимум во последните 31 година.
Во текот на изминатата деценија банките ги зголемиле резервите на злато за над 4.500 тони, според Светскиот совет за злато, односно интернационалната истражувачка организација за индустријата за злато. Од септември минатата година резервите изнесуваат вкупно 36.000 тони, што е најголема количина од 1990 година досега и раст од 15% во споредба со пред десетина години.
Вредноста на доларот наспрема златото нагло се намали изминатата деценија како последица на тоа што монетарното олабавување поттикнуваше на купување американски долари. Иако американските Федерални резерви почнуваат да ја заоструваат политиката за давање кредити, другите централни банки продолжуваат да купуваат злато, што е одраз на глобалната загриженост за монетарниот режим базиран на доларот.
Златото не е директно поврзано со ниедна национална економија и може да биде незасегнато од несигурноста на финансиските пазари. Земјите во развој продолжуваат да купуваат злато. Во првите девет месеци од 2021 година Тајланд купил 90 тони злато, Индија купила 70 тони, а Бразил купил 60 тони.
Во минатото купувањето злато главно се врзуваше со централните банки на Русија и некои други земји кои сакаа да ја намалат зависноста од доларот поради несогласувања со САД.
Странски банки
„Fitch” го намали кредитниот рејтинг на „Credit Suisse”


„Credit Suisse” доби намалување на кредитниот рејтинг од реномираната компанија за кредитен рејтинг „Fitch”. (more…)
Странски банки
ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза


Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политиките, по повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)
Странски банки
Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија


Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје