Форекс
Централниот депозитар за хартии од вредност и додели плакета на Македонска берза во знак на благодарност за досегашната соработка


Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје оваа година прославува јубилеј од две децении постоење на македонскиот пазар на капитал. По тој повод, на Македонската берза ѝ беше доделена плакета во знак на благодарност за досегашната блиска и успешна соработка помеѓу овие две, комплементарни институции.
Депозитарот и Берзата, како инфраструктурни институции на македонскиот пазар на капитал, од самото нивно основање па сè до денес, се карактеризираат со висок степен на интероператибилност во повеќе сфери, што е предуслов за ефикасно функционирање на модерните пазари на капитал. Имајќи ги предвид регионалните трендови и потребата од развој на софистицирани технолошки решенија, последните години се одбележани со интензивна соработка помеѓу двете институции, особено во доменот на информатичката технологија. Оваа соработка има за цел постигнување на оптимална консолидираност на трговската и пост-трговската инфраструктура што придонесува системите на Депозитарот и Берзата да бидат поефикасни, а учесниците на пазарот на капитал да добиваат квалитети услуги како бенефит од ова засилено координирано дејствување.
Депозитарот и Берзата и во иднина ќе останат посветени на зачувување на интегритетот и кредибилитетот на македонскиот пазар на капитал преку создавање на модерни и иновативни решенија за развој на нови услуги за учесниците на домашниот пазар на капитал.
Форекс
Руската рубља ќе стане официјална валута во дел од украинските градови


Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1-ви мај, објавија руски државни медиуми. (more…)
Форекс
Доларот опасно му се приближува на еврото!


Еврото утринава падна на најниско ниво во последните пет години од 1,05890 долари, откако руски „Газпром” соопшти дека ќе го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија. Падот под 1,06 долари за прв пат по пет години во однос на генерално силниот американски долар доаѓа поради зголемената загриженост околу енергетската безбедност и забавувањето на растот во Кина и Европа. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје