Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Централна Кооперативна Банка ќе издаде конвертибилна обврзница

Објавено

на

Централна кооперативна банка (ЦКБ) ќе издаде конвертибилна обврзница со која ќе се задолжи за 5 милиони евра. Веста е содржана во предлог одлуката што ќе се најде на претстојното вонредно акционерско собрание на таа банка закажано за 14 ноември. 

ЦКБ е првата банка, а воедно и компанија, во 25 годишната македонска корпоративна историја, која издава корпоративна обврзница по пат на јавна понуда. ЦКБ ќе ја збогати понудата на македонскиот пазар на капитал доколку оваа одлука помине позитивно на претстојното акционерско собрание затоа што ќе издаде финансиски инструмент во кој ќе може да вложи секој инвеститор.

Конвертабилната обврзница што ќе ја издаде ЦКБ е со рок на отплата од 7 години од датумот на купување. Таа е неограничено пренослива што значи дека може да се тргува на секундарниот берзански пазар. За имателите обврзницата носи годишна камата од 2,2%. Обврзницата ќе се продава по пазарна цена од 1.000 евра (што е и номинална вредност), а вкупната вредност на емисијата е 5 милиони евра што значи дека ќе се понудат 5.000 обврзници. Купувач може да биде секој освен банката, нејзина подружница или лице во кое банката има учество.

Значајно е тоа што обврзницата е конвертабилна што значи дека може на барање на имателот да се претвори во обична акција која носи право на глас и право на дивиденда. Конверзија на обврзниците во акции може да се прави на секои три месеци.

Вредноста на целата емисија е 22% од вредноста на основната главнина на банката. Емисијата ќе се смета за успешна доколку се реализира односно продадат 60% од сите 5 000 обврзници.

Домашни банки

Караван на Охридска Банка наменет за мали и средни претпријатија

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал неодамна го започна својот караван на средби со малите и средни претпријатија низ земјата. Целта на овој караван е непосредна комуникација со клиентите и отворена дискусија за сите предизвици со кои се соочуваат компаниите, како и експертски пристап во насока на подобрување на работата на компаниите и унапредување на меѓусебната соработка.

Во центарот на вниманието на овие работни средби беше неодамна пласираната кредитна линија во соработка со Европската Банка за Обнова и Развој, позната како “Партнер+” кредит.

Имено, станува збор за кредитна линија наменета за малите и средните претприjатија со можност за грант од 15% финансиран од Европската унија, која се карактеризира со максимален износ на поединечен кредит до 1 000 000 евра, грејс период до 12 месеци, конкурентна каматна стапка, минимален рок за враќање на кредитот – 18 месеци и максимален рок за враќање на кредитот – 10 години, како и 15% грант пресметан на износот на финансираната инвестиција, овозможен од Европската унија. Дополнителен бенефит е користењето на бесплатни консултантски услуги од страна на стручни консултанти, ангажирани од ЕБРД, што придонесува и за повисоко ниво на квалитет на проектите финансирани со Партнер + кредитната линија.

Во текот на вчерашниот ден во Охрид се одржа трета работилница по ред, организирана од Охридска Банка, со цел подобро запознавање на претставниците на малите и средни претпријатија со поволностите на Партнер + кредитот, На работилницата преку панел дискусија на која учествуваа преставници од Охридска банка и претставници на стручните консултатни од проектот за поддршка на конкурентноста на МСП, како и директна дискусија со присутните претставници на малите и средни претпријатија, беа споделени детални информации за начинот и процесот на апликација и одобрување на кредити од кредитната линија Партнер +. Претходно вакви работилници се одржаа во Скопје и Штип.

Преку одржаните работилници досега, над 150 претставници на мали и средни претпријатија се запознаа со можностите за зголемување на инвестициите во рамки на своите компании преку користење на оваа поволна кредитна линија.

Повеќе информации за Партнер+ кредитот, за правни лица може да причитате на веб страницата на Банката, во мрежата на експозитури на Охридска Банка, како и на Контакт центар 02 15 050.

Продолжи со читање

Домашни банки

Охридска банка Сосиете Женерал главен спонзор на 59. издание на “Охридско лето”

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал и оваа година е главен спонзор и поддржувач на една од најзначајните културни манифестации во земјата – Охридско лето, одбележје на градот Охрид. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка овозможи online аплицирање за потрошувачки кредити

Објавено

на

За потрошувачките ненаменски кредити на Комерцијална банка АД Скопје отсега може да аплицирате и електронски (online). За сите физички лица, корисници на услугата електронска банка, кои имаат опција за плаќање, Комерцијална овозможи побрза и поедноставна постапка преку online аплицирањето.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange