Connect with us

Домашни банки

Централна кооперативна банка со понуда за примателите на пензија во Еуростандард банка

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ќе им одобри дозволено пречекорување од две пензии или две нето плати, на сите апликанти клиенти на Еуростандард Банка кои ќе се одлучат своите месечни примања да ги добиваат на своја сметка во Централна кооперативна банка АД Скопје.

Единствен услов за одобрување на предвиденото дозволено пречекорување од две пензии или две нето плати е апликантите да имаат историја на редовни отплаќачи на кредитни изложености во последните шест месеци. На секој прифатен апликант ќе му биде издадена и дебитна платежна картичка. На сите апликанти кои низ редовна процедура ќе ја докажат својата кредитоспособност, Банката може да им одобри и повисоки кредитни изложености во рамки на својата актуелна продуктна палета.

Дополнително, на сите нови клиенти кои своите месечни примања по основ на пензија ќе ги примаат преку сопствена сметка во Централна кооперативна банка АД Скопје ќе им биде намален месечниот надомест за одржување на трансакциска сметка за 50% до 31.12.2020 година.

Понудата не е ограничена на постоечки клиенти на Еуростандард Банка и важи за сите апликанти кои ќе одлучат приемот на својата пензија или плата да го прават на своја сметка во Централна кооперативна банка АД Скопје.

Повеќе на следниот линк: https://bit.ly/2E9YFVn

Домашни банки

Со онлајн апликација побрзо до трансакциска сметка и дебитна картичка од Комерцијална банка

Објавено

на

Сега веќе едноставно и брзо можете онлајн да отворите трансакциска сметка и да добиете дебитна картичка од Комерцијална банка. Поднесете го барањето онлајн, преку веб страницата на Банката, а Комерцијална банка ќе ви отвори сметка и ќе ја изработи дебитната картичка што вие ќе ја изберете.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Судот им го отежнува патот до правдата на акционерите на Стопанска Банка Скопје

Објавено

на

Координативното тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје до редакцијата на Банкарство достави отворено писмо преку кое имаат за цел да ги остварат своите акционерски права. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Колку чекори се потребни за подарок е-ваучер во вредност од 1.000 денари?

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во соработка со Visa International доделува вредносен е-ваучер на износ од 1.000 МКД за секоја онлајн апликација за платежна картичка од брендот Visa преку Sparky Viber Chat асистентот во само три чекори: (more…)

Продолжи со читање

Популарно