Домашни банки
Централна кооперативна банка оствари добивка од 1,5 милиони денари во првиот квартал од 2020 година

Во првиот квартал од 2020 година Централна кооперативна банка АД Скопје оствари добивка во висина од 1,5 милиони денари со што го надмина планираниот финансиски резултат.
На 31 март 2020 година, вкупната актива/пасива на Банката бележи незначителна промена во однос на крајот од минатата година и остварување на поставениот план од 98,7%.
Паричните средства и парични еквиваленти бележат пад од 18,3% и отстапување од планот за 3,4%, додека вложувањата во државни записи бележат пораст со што позицијата вложувања во хартии од вредност е повисока во однос на истиот период претходната година за 26,4% и за 2,5% повисока од планот.
Во првото тримесечје на 2020 година, Банката бележи пораст на кредитната активност кај секторот население и опаѓање на истата кај нефинансиските друштва. Во однос на поставениот план, позицијата кредити на и побарувања од други комитенти бележи реализација од 97.2%.
Позицијата останати побарувања, бележи голем пораст и во однос на претходната година и во однос на поставениот план, што во основа се должи на евидентираната авансна исплата на пензиите во март.
Позициите нематеријални средства и недвижности и опрема бележат пад во однос на крајот на минатата година, што се должи на континуираната амортизација на овие средства.
Банката забележа пораст на орочените депозити на физичките лица и пад на депозитите на правни лица, што резултираше со реализација на позицијата депозити на други комитенти од 97,9 %.
Преземените активности во доменот на управувањето со изворите на средства, доведоа до зголемување на расходите за камати за 12,2% во првиот квартал во однос на истиот период минатата година. Остварените расходи за камати во првиот квартал од 2020 година, во однос на планираните, се пониски за 1,8%.
Континуираниот раст на кредитна активност, особено во сегментот домаќинства, предизвика раст на позицијата приходи од камати од 3,5% во споредба со истиот период минатата година. Вкупниот план за оваа позиција бележи реализација од 95,5%.
И покрај евидентното намалување на приходите од провизии поради новонастанатата вонредна ситуација во државата, позицијата нето-приходи од провизии и надомести е 7,3% повисока во однос на истиот период претходната година, додека планот е исполнет со 95,3%.
Во однос на позицијата трошоци за вработените, забележан е пораст од 1,6%. Планот е реализиран со 99,4%.
Позицијата останати расходи од дејноста бележи минимално зголемување во однос на истиот период минатата година од 0,4%. Планот е реализиран со 98%.
Останатите приходи од дејноста бележат пораст речиси двојно во однос на претходната 2019 година и во однос на планот за периодот.
Во првото тримесечје на 2020 година, реализирани се повисоки нето–приходи од курсни разлики за 16,2% во однос на истиот период минатата година.
Расходите за амортизација бележат пад од 2,3% во однос на истиот период минатата година и незначителен пораст во однос на планот.
Во првото тримесечје од 2020 година издвоена е исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа за 77,2% пониска од истиот период минатата година и 41,4% пониска од планираната.
Домашни банки
Благодарница до Комерцијална банка за донацијата на 6.000.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Солидарноста и хуманоста во Комерцијална банка не познаваат граници, особено кога сме сведоци на трагедии од големи размери, какви што беа земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. (more…)
Домашни банки
2,2 милиони успешни трансакции во 2022 година со е-commerce од Комерцијална банка

Е-продавницата стана задолжителна алка во синџирот кој продуцира успешни бизниси во денешното дигитално време. Пред и по Covid-пандемијата веќе ништо не е исто и затоа онлајн продажбата освојува сѐ повеќе купувачи. Токму затоа и Комерцијална банка е особено горда на својот придонес за развојот на е-трговијата во земјава. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“ и за 2022

Празникот на македонското литературно творештво, манифестацијата „Роман на годината“, секоја година е повод за нова гордост и нов подвиг на целокупната културна дејност во земјава. Токму затоа Комерцијална банка е особено горда што шеста година по ред е генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“, која годинава ќе му се додели на романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка