Connect with us

Домашни банки

Централна кооперативна банка го реализираше планот за првиот квартал со 98,7% успешност

Објавено

на

Во првиот квартал од 2019 година, Централна кооперативна банка АД Скопје нема направено промени во сметководствените политики и методи на вреднување.

Кон крајот на март од тековната година, Банката забележа раст на вкупната актива/пасива за 3,9% во однос на крајот од 2018 година, при што поставениот план за кварталот е реализиран со 98,7%. Порастот во основа се должи на целосната реализација на првата емисија на конвертибилни обврзници на Централна кооперативна банка АД Скопје, во вкупен износ од 5 милиони евра. На страната на активата, оваа емисија резултираше со пораст од 18,5% на позицијата парични средства и парични еквиваленти во однос на претходната година, со што го надмина поставениот план за 16,1%.

На страната на пасивата, емисијата на конвертибилни обврзници имаше одраз во позицијата субординирани обврски.

Во првиот квартал од 2019 година, Банката забележа раст на кредитната активност за 2,1% во однос на крајот на годината. Растот на кредитирањето во основа се должи на растот во сегментот домаќинства. Во однос на поставениот план, позицијата кредити на и побарувања од други комитенти бележи реализација од 100%.

Позицијата вложувања во хартии од вредност бележи пад од 11,6% во однос на крајот на годината, односно истата е за 24,7% пониска од поставениот план за кварталот.

Позицијата останати побарувања бележи пад од 10,1% во однос на претходната година и истата е за 8,5% пониска од поставениот план за кварталот.

Позициите нематеријални средства и недвижности и опрема бележат пад во однос на крајот на минатата година, што во основа се должи на континуираната амортизација на овие средства.

Банката, забележа пораст на орочените депозити на физичките лица, на што се надоврзаа и привлечените ресурси од други финансиски друштва, што, пак, резултираше со раст од 1,3% на позицијата депозити на други коминтенти. Планот за оваа позиција е реализиран со 99,1%.

Претходно споменатите активности во доменот на управувањето со изворите на средства, доведе до намалување на расходите за камати за 2,0% во тековната 2019 година во однос на првиот квартал од 2018 година. Планот бележи реализација од 97,8%.

Континуираниот раст на кредитна активност, особено во сегментот домаќинства, предизвика раст на позицијата приходи од камати од 2,4% во споредба со истиот период минатата година. Планот бележи реализација од 97,8%.

Банката успеа да оствари пораст на нето-каматниот приход за 4,4% и реализација на планираниот со 97,8%.

Во однос на позицијата трошоци за вработените, забележан е пораст од 3,6%. Планот е реализиран со 98,8%.

Позицијата останати расходи од дејноста бележи зголемување во однос на истиот период минатата година, односно евидентиран е пораст од 7,8% и надминување на планот од 1,2%.

Останатите приходи од дејноста бележат пад од 26,4% како резултат на помалку наплатени отпишани побарувања во однос на првиот квартал од претходната 2018 година.

Во првиот квартал од 2019 година, реализирани се за 30,3% повисоки нето–приходи од курсни разлики во однос на планираните.

Расходите за амортизација бележат пад од 2,5%, а како резултат на временско поместување на планираните вложувања во опрема, планираната амортизација е пониска за 1,3%.

Најголемо влијание на финансискиот резултат имаше издвојувањето дополнителна исправка на вредност и посебна резерва за одделни кредитни изложености во сегменотот корпоративно банкарство. Следствено, позицијата Исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа – бележи зголемување за 3,5 пати повеќе од планираната за известувачкиот период.

Очекувања за престојниот период

Банката ќе продолжи со залагањата за зголемување на својот пазарен удел во сите пазарни сегменти, преку таргетирана понуда на продукти и услуги наменета за специфични целни групи на клиенти. Фокусот ќе остане на зголемување на диверзификацијата на кредитното и депозитното портфолио на Банката, преку проширување на клиентската база со нови клиентски аквизиции од сегментот домаќинства, како и преку финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија.

Банката ќе настојува да ги одржи трендовите за стабилен и одржлив раст на кредитното портфолио, настојувајќи истовремено да го задржи вонредно високиот квалитет на истото преку продолжување на политиките за прифаќање минимален апетит за ризици.
Во престојниот период, Банката очекува да ги задржи постојните извори на финансирање и да одржува висок степен на ликвидност преку привлекување депозити од небанкарскиот сектор.
Ќе продолжат напорите за модернизирање на постојниот технолошки сетап на Банката и зголемување на достапноста на продуктите и услугите. Следејќи ги современите текови во развојот на информатичките технологии во банкарското работење, Банката ќе продолжи да ги развива и усовршува и алтернативните канали за дистрибуција, со цел привлекување на помладата популација.

Посветеноста кон зголемување на квалитететот и ефикасноста во клиентската услуга и зголеменото клиентско задоволство остануваат во врвот на приоритетите за престојната година. Банката ќе се стреми кон одржувањето позитивна и стимулативна работна атмосфера, преку поттикнување на иницијативите и наградување на реалните резултати и успеси.

Домашни банки

Измени во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Измени во органите на управување и раководење на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д Битола го потврди позитивниот Годишен извештај за 2019 година

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола преку соопштение на Македонска берза го објави Годишниот извештај за работењето на банката за 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно