Connect with us

Банки

Централна Кооперативна Банка вработува!

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на квалитетни и високо мотивирани лица заинтересирани за работа за следниве работни места:

 

  1. 1.     Соработник за клиентска услуга:

–       Експозитура Крива Паланка – 1 лице

–       Експозитура Тетово – 1 лице

–       Филијала Скопје – 3 лица

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

–          Најмалку високо образование од областа на економските науки;

–          Солидно познавање на англиски јазик;

–          Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да поседува:

–          Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

–          Одлични комуникациски способности;

–          Позитивен приод кон работата;

–          Висок степен на прецизност.

 

  1. 2.     Соработник за работа во благајна во Филијала Куманово – 2 лица 

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

–          Високо образование од областа на економските науки или завршено средно економско училиште со најмалку тригодишно искуство со работа во благајна;

–          Солидно познавање на англиски јазик;

–          Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да поседува:

–          Одлични комуникациски способности;

–          Позитивен приод кон работата;

–          Висок степен на прецизност во работењето

За овие работни места предвидена е основна почетна нето плата од 18.000 денари како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.

Огласот ќе биде активен заклучно со 14.10.2018 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Централна кооперативна банка АД Скопје

Ул. 1732 бр. 2

1000 Скопје Р. Македонија

Email: hr@ccbank.mk

Тел. (02) 3 249 308

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

Working experience is not mandatory. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк А.Д. Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange