Connect with us

Банки

Централна Кооперативна Банка вработува!

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица во Дирекцијата за информатички технологии и тоа за следниве работни места:

 

  1. 1.     Стручен соработник – администратор на оперативни системи

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот (можна е повремена сменска работа)

Неделно работно време: понеделник – петок

Работен однос на неопределено време.

За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:

–       инсталирање, конфигурација и одржување на оперативни системи и системски продукти;

–       имплементација, организација, оптимизација на перформанси и справување со системски  проблеми, оперативни системи и системските продукти;

–       следење, безбедносен надзор и усогласување на работата на компјутерските системи и предлагање на промени и подобрувања;

–       превземање на мерки за обезбедување на достапност на системските сервиси (service uptime), работи на отстранување  на проблемите и замена на делови;

–       врши надоградба на системот и софтверските пакети со нови верзии или тековните со отстранети недостатоци;

–       планирање и старателство на употребата на носителите на податоци;

–       изработка на безбедносни копии и обновување;

–       изработка на анализи и следење на работата на системските сервиси и информатичките системи;

–       координирање, следење и надзор на работните процеси на групата за хардвер и системски софвер;

–       конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;

–       извршување на однапред временски дефинирани задачи за оддржување на системитe;

–       изработка на упатства, прирачници, процедури и стандарди;

Избраниот кандидат треба да поседува:

–          мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии;

–          самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

–          солидни комуникациски способности;

–          позитивен приод кон работата;

–          висок степен на прецизност;

–          поседување на високо образование од областа на информатичките технологии, како и  претходно работно искуство од оваа област ќе се смета за предност.

Основната нето плата предвидена за ова работно место изнесува 40.000 денари.

  1. 2.     Соработник за корисничка и техничка поддршка

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот (можна е повремена сменска работа)

Неделно работно време: понеделник – петок

Работен однос на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:

–       помош на корисниците при работата со компјутерска опрема, решавање на рекламации на корисниците,

–       решавање на технички проблеми на корисници на електронско банкарство, комуникација и техничка подршка на клиенти кои го користат севисот и по потреба интервенција на лице место;

–       дистрибуирање, инсталирање и поставување на програмска опрема на персонални компјутери и сервери;

–       одржување на регистарот на машинска, програмска и комуникациска опрема;

–       водење на архива на магнетни носачи на податоци;

–       следење, дистрибуирање и надзор на влезно излезните податоци и подготовка и пренос

на датотеки;

–       контролирање и дистрибуирање на компјутерски резултати од обработки;

–       спроведување и проверка на безбедносното копирање на информациските системи;

–       подршка при инсталација и одржување на сертификати и клучеви;

–       решавање на рекламации на корисниците;

–       разрешување или процесирање на барања од helpdesk апликација како и останати барања од вработените поврзани со конкретното работно место;

–       средување на работната документација;

–       учество во изготвување на политики, правилници, одлуки и упатства за работата на организационата единица.

Избраниот кандидат треба да поседува:

–          мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии

–          самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

–          одлични комуникациски способности;

–          позитивен приод кон работата;

–          висок степен на прецизност;

–          поседување на високо образование од областа на информатичките технологии, како и  претходно работно искуство од оваа област ќе се смета за предност.

Основната нето плата предвидена за ова работно место изнесува 24.000 денари.

 

***

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk во кое задолжително треба да наведете за кое работно место аплицирате.

Огласот ќе биде активен заклучно со 30.09.2018 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Централна кооперативна банка АД Скопје

Ул. 1732 бр. 2

1000 Скопје Р. Македонија

Email: hr@ccbank.mk

Тел. (02) 3 249 308

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

Working experience is not mandatory. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк А.Д. Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange