Connect with us

Анализи

Централна кооперативна банка АД Скопје оствари добивка од 11,9 милиони денари заклучно со третиот квартал од 2021 година

Објавено

на

Во третиот квартал од 2021 година, македонската економија сè уште се одвива во услови на пандемија иако се очекува дека стабилизирањето на епидемиолошката состојба, забрзаната масовна имунизација и олабавувањето на рестриктивните мерки ќе имаат позитивно влијание и врз економската активност.  И покрај тоа што постојат неизвесност и ризици околу изгледите за растот, во глобални рамки тие се оценуваат како избалансирани. Сепак, за земјите во развој, каде спроведувањето на имунизацијата се одвива забавено, ризиците се понагласени, поради опасноста од ширењето нов бран на пандемијата предизвикан од новите соеви на корона-вирусот. Оттука, на глобално ниво, фокусот за излез од кризата и натаму е ставен на олеснување на пристапот до вакцини и зголемување на степенот на имунизација. Притоа носителите на политиките продолжуваат со поддршка насочена кон секторите од економијата погодени од кризата.

Банката не е имуна на актуелните економски и здравствени текови, иако солидно одговори на предизвикот Ковид-19 и во текот на 2021 година. До крајот на  2021 година се очекува неутрализирање на негативните ефекти и побрзо опоравување на економијата. Тој тренд на опоравување ќе продолжи и во 2022 година.

Заклучно со 30 септември 2021 година, Банката оствари позитивен финансиски резултат во износ од 11,9 милиони денари и забележа пораст на вкупната актива/пасива од 5,3% во однос на крајот од минатата година и остварување на поставениот план од 100.97%.

Вложувањата во државни записи бележат пораст, со што позицијата вложувања во хартии од вредност е повисока во однос на крајот на  претходната година за 15,2% и надминување на планот од 1,1%. Паричните средства и парични еквиваленти се зголемени за 9,9% и бележат  надминување на  планот од 10.7%.

Во третото тримесечје на 2021 година, евидентиран е пораст на кредити на и побарувања од други комитенти за 3,7% во однос на крајот на годината, при што планот е исполнет со 99.5%. Порастот во најголем дел е остварен при одобрување кредити на физички лица.

Позицијата останати побарувања има незначителни нагорни промени во однос на крајот од минатата година, а планираната е надмината за 3.3%. Оваа позиција во Билансот на состојба е со висок износ како резултат на евидентираната авансна исплата на пензиите на крајот од месецот.

Позициите нематеријални средства и недвижности и опрема бележат пад во однос на крајот на минатата година, кој се должи на континуираната амортизација на овие средства.

Позицијата депозити на други коминтенти бележи пораст од 6,1% во однос на крајот од годината, при што планот е целосно реализиран и надминат за 1,4%.

Преземените активности во доменот на управувањето со изворите на средства, доведоа до намалување на расходите за камати за 12,9% заклучно со третото тримесечје од

2021 година во однос на истиот период минатата година. Остварените расходи за камати во 2021 година, во однос на планираните, се пониски за 7,6%.

Наспроти нагорниот континуитет на кредитна активност во сегментот население, во услови на висока конкуренција, Банката оствари пониски приходи од камати за 3.6% во споредба со истиот период минатата година. Остварените приходи од камати заклучно со третото тримесечје на 2021 година, во однос на планираните, се пониски за 4,9%. Во услови на континуиран тренд на намалување на активните каматни стапки, при намалени каматни стапки на благајничките записи, како една од мерките поврзани со здравствената криза, со намалувањето на расходите од камати, Банката успеа да оствари нето-каматен приход повисок во однос на истот период претходната година за 0,7%.

Заклучно со третото тримесечје на 2021 година, како резултат на привлечени нови клиенти во Банката, во текот на претходната 2020 година, забележан е пораст на приходите од провизии за 27,1% во однос на истиот период минатата година или подобрување од 24.5 милиони денари. Тој пораст придонесе кон пораст на позицијата нето-приходи од провизии и надомести  за 16,8% или 9.8 милиони денари, во однос на истиот период претходната година, додека планот е исполнет со 84,8%.

Во однос на позицијата трошоци за вработените, забележан е пораст од 3,4% како резултат на намалениот број боледувања кај вработените, во однос на истиот период минатата година. Планот е целосно реализиран и надминат за 1,3%.

Позицијата останати расходи од дејноста бележи пораст од 2.3% во однос на истиот период минатата година. Остварени се и незначително пониски останати расходи од дејноста за 0,9% во однос на планот.

Останатите приходи од дејноста се повисоки во однос на претходната 2020 година и во однос на планираните за 5%.

Заклучно со третото  тримесечје на 2021 година, реализирани се пониски нето–приходи од курсни разлики за 18,9% во однос на минатата година.

Расходите за амортизација бележат пад од 3,4% во однос на истиот период минатата година и 8,4% во однос на планираните, како резултат на одложени набавки на основни средства.

Заклучно со 30 септември 2021 година,  евидентен е порастот во резервациите на правни лица, при што е издвоена исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа во износ од 21.8 милиони денари, односно забележано е влошување на оваа позиција за 8.7 милиони денари во однос на истиот период минатата година.

Анализи

АНАЛИЗА: Триглав Осигурување Живот со двојно повисок удел на пазарот – високи 17% во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Иако последните години се покажаа како исклучително тешки поради негативните влијанија и отежнато работење предизвикани од пандемијата како и политичката и економска криза во Европа, сепак пазарот на животно осигурување во земјава е во значителен пораст. Според прелиминарните податоци добиени од Националното биро за осигурување, бруто полисираната премија за животно осигурување за првиот квартал од 2022 година бележи пораст за 19,20% споредбено со истиот период во 2021 година, во вкупен износ од 494 милиони денари, што покажува дека животното осигурување полека но сигурно го зазема местото на еден од примарните избори за осигурување на граѓаните во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кругман: Очекувам инспиративна дискусија на СЕФФ

Објавено

на

Нобеловецот, професор и истакнат американски економист Пол Кругман, кој в понеделник ќе има обраќање на конференцијата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“ на Скопје економски финансиски форум, очекува инспиративна дискусија на актуелни економски теми. На учесниците на форумот и на економската јавност во нашата земја Кругман им се обрати преку видеопорака. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

„Finance Think”: Сивата економија во 2020 година намалена во однос на 2006 година

Објавено

на

Сивата економија во 2020 година е намалена во однос на 2006 година, а најголемите намалувања се случиле за време на финансиската криза во 2009 година и по воведувањето на минималната плата во 2012 година, покажува најновото истражување направено од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно