Connect with us

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во третото тримесечје од 2018 година

Објавено

на

Податоците од финансиските извештаи за работењето во третото тримесечје од 2018 година покажуваат дека Централна кооперативна банка АД Скопје има остварено позитивен финансиски резултат, кој е значително подобар во однос на истиот период од минатата година.

Имено, Банката во овој период забележува подобрување на резултатите во повеќе сегменти од работењето. Во однос на крајот на минатата година, порастот на кредитното портфолио од 8,86% овозможи зголемување на приходите од камати во тековниот период за 6,21%.

Зголемените приходи од камати остварија позитивен нето-ефект, гледано преку порастот на нето-приходите од камати од 6,27%. Растот на депозитите на други комитенти од 6,88%, во однос на крајот на минатата година, е проследен со зголемување на расходите за камата, кои, во однос на истиот период минатата година, се зголемени за 6,10%.

Во делот на провизии и надоместоци, Банката бележи намалување на нето-приходите од провизии и надоместоци за 4,63%, што е во согласност со определбата на Банката за понуда на конкурентни и подостапни услуги за своите клиенти.

Линијата нето-приходи од курсни разлики забележува раст од 6,98% во однос на минатата година, додека останатите приходи од дејноста имаат намалување за 10,35%.

Во ова тримесечје, Банката евидентира зголемување на расходите на позицијата исправка на финансиските средства, со оглед на растот на кредитното портфолио.

Банката во изминатиот период нема евидентирано нови преземени средства и соодветно нема издвоено загуба поради оштетување на нефинансиските средства.

Во анализираниот период трошоците за вработени забележуваат раст од 4,40% во однос на истиот период од минатата година, кој се должи на зголемениот број на вработени и на континуираното вложување во постојните.

Значителни заштеди Банката има остварено кај позицијата останати расходи од дејноста каде има намалување во апсолутен износ од 6,306 илјади денари или 5,65% во однос на истиот период минатата година.

Домашни банки

НЛБ Потрошувачки кредити – Баш како што сакаш!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови потрошувачки кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје врши промена за водење сметки на пензионери

Објавено

на

Стопанска банка АД-Скопје ги известува своите клиенти дека, почнувајќи од 01.04.2019 ќе изврши промена на надоместокот за месечно водење на трансакциски и штедни сметки на пензионери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Станбени кредити – Твој дом, твој избор!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови станбени кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange