Connect with us

Домашни банки

Централната Управа на ПроКредит Банка сертифицирана со меѓународниот сертификат EDGE

Објавено

на

ПроКредит Банка како општествено одговорна компанија поставува високи стандарди во работењето во поглед на влијанието врз животната средина.

Поради тоа, Централната управа на ПроКредит Банка е изградена со користење на енергетски ефикасни материјали и опрема, како што се: енергетски ефикасна изолација, прозорци и светилки. Со употребата на обновливи извори на енергија како: геотермални топлински пумпи за греење и ладење и фотонапонска централа за сопствено производство на електрична енергија дополнително се намалува потрошувачката на енергија на Централната Управа.

Како резултат на сите преземени мерки за намалување на влијанието на животната средина и градење на Еко зграда, Централната Управа на ПроКредит Банка во текот на 2019-та година беше сертифицирана со меѓународниот сертификат EDGE. Ова е вооедно и првиот објект во нашата земја сертифициран на ваков начин.

Сертификатот е потврда за сите инвестиции во зградата од аспект на енергетска ефикасност, употреба на ресурси и користење на обновливи извори на енергија. Во него се наведени поединечните мерки, чиишто резултат е заштедата на енергија од 73%, заштеда на вода од 21% и заштеда на енергија за производство на употребените материјали од 35%, споредено со вообичаената пракса на нашиот пазар.

Повеќе информации за истиот може да се најдат на линкот.

EDGE (Excellence in Design for Greater Efficiency) е иновација на Меѓународната Финансиска Корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска Банка. Сертификатот им нуди можност на лидерите на пазарот да добијат конкурентска предност преку издвојување на нивните производи. IFC го создаде EDGE како одговор на потребата за мерливо и веродостојно решение, со цел да докаже дека постојат бизнис можности за градење на еко згради и отворање на можности за финансиски инвестиции во истите .

Повеќе информации за процесот на сертификација со EDGE може да се најдат на линкот.

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање



Популарно