Connect with us

Домашни банки

Централната зграда на Шпаркасе Банка во Охрид станува енергетски ефикасна

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје, како општествено одговорна компанија што има за цел да го намали негативното влијание врз животната средина, во 2022 година реализираше значајни проекти што позитивно влијаеја врз средината, како и подигнување на свесноста кон значењето за заштеда на електрична енергија. Па, така, по инсталацијата на фотоволтаични системи на Централната зграда на Шпаркасе Банка во Скопје, следуваше реализација на оваа инвестиција и во Централната зграда во Охрид.

Инсталираните системи во Централната зграда во Охрид се проектирани и димензионирани за производство на електрична енергија преку сончев извор со капацитет до 40 kWh за целиот објект. Годишното производство на електрична енергија добиена од обновливи извори е планирано на 50.000 kWh, а енергијата добиена од фотоволтаичните системи ќе ги задоволи годишните потреби за 10% до 15% електрична енергија во објектот на Шпаркасе Банка.

Добиената енергија од фотоволтаичните системи, директно влијае врз заштита на животната средина преку намалување на емисијата на CO2 за приближно 3.537 кг во периодот од октомври 2022 до февруари 2023 година еквивалентно на:

  • Приближно 14.195 км изминати со автомобил
  • Приближно 91 посадено дрво
  • Приближно 88 км изминати со авион

Шпаркасе Банка АД Скопје во својата стратегија на работење, особено внимание посветува на рационално користење на електричната енергија и управувањето со животната средина. За таа цел во континуитет се работи на воспоставување енергетско ефикасни решенија како и на пристап за подобро разбирање и подобрување на одржливоста на објектите на Шпаркасе Банка АД Скопје и сопствено користење на енергијата, а со тоа и влијанието врз животната средина.

Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 35 експозитури.

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно