Connect with us

Останато

Централната банка ја предизвика кризата во Турција

Објавено

на

Турската централна банка денеска ја зголеми основната каматна стапка од 17,75% на 24%, за да ја стави под контрола инфлацијата и да ја поддржи турската валута по нејзиниот остар пад оваа година.

Комитетот за монетарна политика на Банката денеска ја зголеми еднонеделна репо-каматна стапка и покрај претходните коментари на претседателот Реџеп Тајип Ердоган против зголемувањето на каматите.

Турската лира почна да закрепнува по зголемувањето на стапката, зајакнувајќи за 3,4% на 6,18 лири за долар. Претходно денеска лирата падна за три отсто.

Во соопштението на Централната банка се наведува дека локалната економија слабее, а инфлацијата абрзува. Зголемените каматни стапки може да го забават растот, но независните експерти велат дека е потребно да се спречи инфлацијата, што е околу 18%, и да се поддржи националната валута.

Ердоган за падот на националната валута ја обвини економската војна што се води против Турција , смета дека најновите проблеми се последица на манипулации. Тој ги критикуваше и приватните банки кои ги зголемија каматните стапки и на 50%.

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП РАЗВИ МОДУЛ ЗА АВТОМАТСКИ ПОВРАТ НА ДАНОЦИ

Објавено

на

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во придружба на Министерот за финансии, Драган Тевдовски, разговараа за реализираните проекти и реформите на УЈП во изминатата година како и за активностите на коишто Управата за јавни приходи ќе се посвети во текот на 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Значајно подобрена борбата против финансискиот криминал

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Директорот информира дека во 2018 година Управата поднела вкупно 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 3 милијарди денари. Ова е значително повеќе во споредба со 2016 година кога била поднесена 41 кривична пријава со што е нанесена штета на Буџетот на РМ во износ од 293 милиони денари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange