Connect with us

Странски банки

Централната банка на Шведска ја зголеми поддршката за економијата

Објавено

на

Централната банка на Шведска значително ја зголеми вредноста на програмата за откуп на средства за поттикнување на инфлацијата и поддршка на економијата во време на корона кризата.

Вредноста на програмата е подигната од 300 милијарди на 500 милијарди шведски круни (47,6 милијарди евра), а ќе биде на сила до крајот на јуни следната година.

Во последните три месеци од оваа година, „Riksbank” ќе купи државни, муниципални и обврзници базирани на хипотекарни кредити во вредност од 100 милијарди шведски круни. До крајот на јуни следната година, имаат намера да купат корпоративни обврзници во вредност од 10 милијарди круни.

Ги потврдиле важечките клучни каматни стапки од нула проценти, истовремено велејќи дека се подготвени да ги спуштат и во негативната област.

„Севкупно, мерките на „Riksbank” подразбираат сеопфатен монетарен стимул во форма на ниски каматни стапки и голема количина ликвидност во блиска иднина”, објаснуваат во централната банка.

Мерките ќе создадат услови за закрепнување на економијата и ќе помогнат да се подигне инфлацијата према целта од два проценти на крајот на наведениот период.

Предвидуваат дека стапката на инфлација оваа година ќе падне на 0,5 проценти и за следната година да порасне на 1,4 проценти.

БДП на Шведска оваа година би требало да падне за 4,5 проценти, додека пак следната година да порасне за 3,6 проценти и за 4,1 проценти во 2022 година.

Странски банки

Странците во црногорските банки чуваат 747 милиони евра депозити

Објавено

на

На крајот на јуни годинава, нерезиденти и странци имале 747 милиони евра депозити во банките во Црна Гора. Во исто време, вкупните депозити на граѓаните и фирмите изнесувале 33 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

„Intesa Sanpaolo” оствари нето-добивка од 2,56 милијарди евра во првата половина на 2020 година

Објавено

на

Управниот одбор на меѓународната банкарска групација „Intesa Sanpaolo”, во чии рамки делува „Banca Intesa”, го одобри консолидираниот полугодишен извештај на 30 јуни 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Заборавете на доларот, купувајте злато! Цената на овој скапоцен метал допрва ќе расте

Објавено

на

Тековната финансиска политика на американските власти ја поткопува довербата во доларот и ги принудува инвеститорите да купуваат злато што е можно поактивно. Ваквиот коментар го објави една од најголемите светски инвестициски банки во светот, „Goldman Sachs“, пренесува „Bloomberg“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно