Connect with us

Странски банки

Централната банка на Франција предупредува за “Фрегзит”

Објавено

на

Гувернерот на француската централна банка изјави дека ако Франција ја напушти еврозоната тоа би ја чинело 30 милијарди евра годишно.

Гувернерот ги предупреди француските граѓани за трошоците кои би се создале доколку се напушти еврото како валута, додека каматите веќе пораснаа поради загриженоста околку претседателските избори на крајот на април оваа година.

 

Тој истакна дека предлогот на Марин Ле Пен, еден од кандидатите за претседател, да се напушти еврото и да се врати старата валута – францускиот франк, ќе ја чини Франција повеќе од 30 милијарди евра годишно.

 

“Граѓаните треба да знаат дека куповната моќ нема да зајакне со напуштање на еврото, напротив, со тоа би се зголемила инфлацијата и би довело до катастрофални последици по заштедите на граѓаните“, додаде гувернерот на француската централна банка.

Странски банки

ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза

Објавено

на

Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политикитепо повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Објавено

на

Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот раст од 4,1 на 3,2 проценти

Објавено

на

Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот раст во 2022 година за речиси цел процент, од 4,1 на 3,2 отсто, поради влијанието на руската инвазија на Украина, изјави претседателот на таа меѓународна финансиска институција Дејвид Малпас. (more…)

Продолжи со читање


Популарно