Странски банки
Централната банка на САД повторно ги покачи каматните стапки за 0,75 проценти

Федералните резерви (Фед), како што уште се нарекува централната банка на САД, ги покачи каматните стапки за 0,75 проценти со намера да се запре галопирачката инфлација.
Ова е трет пат годинава со исто такво големо покачување по оние во јуни и јули. Во овој период, Фед ги зголемува трошоците за зајмување во САД со најбрзо темпо во изминатите децении. Сепак, чекорот засега не придонесе толку за намалување на цените.
Инфлацијата во август беше 8,3 проценти, за малку пониско од јули.
Во САД цените на бензинот навистина се намалија од рекордните во јуни, додека половните возила и, на пример, авионските билети можеби поевтинија до некаде, но другите трошоци како за кирија, прехранбени продукти и струја, продолжија да растат.
Уште повеќе, високите цени се проширија и кај стоки и услуги кои не се директно поврзани со пандемијата или војната во Украина, укажувајќи дека инфлацијата добила на замав и не може да биде зауздана набргу.
„Инфлацијата е сè уште во црвено и нема да се намали толку брзо од очекуваното. Фед управува со пораката ‘комплицирана љубов’, укажувајќи дека каматните стапки ќе бидат повисоки и подолго од очекуваното”, изјави Грег Мекбрајд, главен финансиски аналитичар во Bankrate.com.
Странски банки
Лагард: Економијата во Еврозоната во подобра состојба од очекуваното

„Економската активност на еврозоната е забавена во споредба со 2022 година, но оваа година ќе биде „значително подобра“ од предвиденото – и покрај инфлацијата и енергетската криза”, изјави во Давос претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. (more…)
Странски банки
Светска банка ја ревидираше прогнозата за раст на македонската економија

Светска банка ги ревидираше своите очекувања во однос на бруто домашниот производ (БДП) на Македонија. Новата прогноза на Светската банка е раст на економијата за 2,4 проценти во 2023 година. (more…)
Странски банки
Европската централна банка: Реалните плати во еврозоната драстично паѓаат

Реалните плати во еврозоната се значително пониски отколку во периодот пред пандемијата и, веројатно, ќе се намалат уште повеќе во наредните месеци поради брзиот раст на цените, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)
- Анализипред 3 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер