Криптовалути
Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути


Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“.
По последната седница, претставниците на Централната банка предложија воведување казни за оние кои ги прекршуваат овие правила и нагласија дека во наредниот период е неопходно да се развијат механизми за блокирање на активностите насочени кон купување или продавање криптовалути во замена за „вистинска“ валута.
„Предлагаме воведување забрана за издавање, трговија и размена на криптовалути на територијата на Руската Федерација и утврдување одговорност за прекршување на оваа забрана“, се наведува во соопштението на Руската централна банка.
Во исто време, Централната банка на Русија сè уште нема дефинирано надлежен орган на кој ќе му се довери должноста да ги спроведе мерките од нацрт-законот.
“Централната банка на Русија постојано се спротивставува на употребата на криптовалути во земјата, бидејќи државата не стои зад нив. Во Русија, од 2021 година, законот им забранува на компаниите и поединците да користат дигитална валута за плаќање на стоки и услуги. Според Централниот Банка, обемот на Русите изнесуваше околу 5 милијарди долари годишно. Во исто време, обемот на инвестиции на руски правни лица во криптовалути беше речиси незначителен“, пренесува „РИА”.
Во извештајот на Централната банка на Русија се забележува дека Русија сега има повеќе од 11 проценти од светската компјутерска моќ што се користи за „минирање“ на биткоин. Во август 2021 година, Русија беше трета во светот според овој индикатор.
„Зголемувањето на обемот на производство на криптовалути, поради потрошувачката на електрична енергија, може да ги загрози другите компании“, посочуваат од Централната банка.
Пример за таква „пазарна аномалија“ е регионот Иркутск, кој има најниски тарифи за струја. Минатата година потрошувачката на електрична енергија во овој дел на Русија се зголеми за 1,6 пати.
Нагласено е и дека во текот на 2021 година овој регион бележи пораст на потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата за 62 отсто, што, според руските регулатори, директно се должи на „рударење“ на криптовалутите.
Криптовалути
Кристин Лагард: Криптовалутите се безвредни, тие не се засноваат на ништо!


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ништо, дека се целосно безвредни. (more…)
Криптовалути
ЦРНА НЕДЕЛА ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ – Биткоинот на најниско ниво од јануари


Биткоинот во текот на вчерашниот ден падна на најниско ниво од јануари, бидејќи падот на берзите продолжува крајно негативно да влијае и на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании. (more…)
Криптовалути
Нексо и Мастеркард ја претставија кредитната картичка базирана на криптовалути


Дигиталната компанија за трговија и кредити со криптовалути „Nexo” објави дека во соработка со глобалната компанија за картички „Mastercard”, во Европа ја пушти во употреба првата кредитна картичка во светот базирана на криптовалути. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје