Странски банки
Централната банка на Русија ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра од банкарските сметки

Централната банка на Русија ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра од банкарски сметки до март следната година, пренесува „Радио Слободна Европа”.
Централната банка на Русија објави дека ограничувањата, воведени откако западните земји воведоа санкции против Русија на почетокот на март поради нападот врз Украина, ќе останат во сила до 9-ти март следната година.
Според ограничувањата, клиентите на банките во Русија не можат да подигнат повеќе од 10.000 долари (9.734 евра). Износите над тоа може да се повлечат само во рубљи, по стапка што ја одредува централната банка.
Исто така, можно е да се подигнат само пари депонирани на банкарски сметки пред 9 март 2022 година, а банките можат да продаваат само долари и евра што ги набавиле пред тој датум.
На странските компании и нерезиденти во Русија им е забрането да повлекуваат евра и долари.
Овие мерки беа воведени за поддршка на руската валута во услови на санкции.
Странски банки
Лагард: Економијата во Еврозоната во подобра состојба од очекуваното

„Економската активност на еврозоната е забавена во споредба со 2022 година, но оваа година ќе биде „значително подобра“ од предвиденото – и покрај инфлацијата и енергетската криза”, изјави во Давос претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. (more…)
Странски банки
Светска банка ја ревидираше прогнозата за раст на македонската економија

Светска банка ги ревидираше своите очекувања во однос на бруто домашниот производ (БДП) на Македонија. Новата прогноза на Светската банка е раст на економијата за 2,4 проценти во 2023 година. (more…)
Странски банки
Европската централна банка: Реалните плати во еврозоната драстично паѓаат

Реалните плати во еврозоната се значително пониски отколку во периодот пред пандемијата и, веројатно, ќе се намалат уште повеќе во наредните месеци поради брзиот раст на цените, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер