Connect with us

Криптовалути

Централната банка на Литванија прва ќе издаде дигитални пари

Објавено

на

Централната банка на Литванија се подготвува да издаде дигитални пари и ќе биде првата централна банка во еврозоната што ќе го стори тоа, објави „Reuters“.

Централната банка на Литванија беше една од многуте централни банки што размислуваа(т) за издавање дигитални валути со цел да го компензираат намалувањето на употребата на готовина – процес забрзан од пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19).

„Никој во заедницата на централната банка не размислуваше сериозно за дигиталната валута пред да сфатиме дека постои легитимна закана дека некој друг ќе го заземе нашиот простор … Мораме да му го дадеме на општеството она што го сака“, рече заменик-гувернерот Мариус Јургилас.

Јургилас рече дека 24.000 дигитални токени наречени „LBCOINs“ засновани на блокчејн технологија ќе одат во претпродажба во втората недела од јули.

„LBCOIN е многу сличен на она што е познато како дигитална валута на централната банка (CBDC), или традиционалните пари во дигитална форма”, додаде Јургилас. Ова сосема се разликува од посложените криптовалути како што е биткоинот.

Криптовалути

Корона кризата по цената на златото ја зголемува вредноста и на криптовалутите!?

Објавено

на

Вредноста на најпопуларната криптовалута, биткоин, достигна вредност од 12.000 американски долари за прв пат од август 2019 година, според податоците од криптовалутната берза „Coindesk“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Повозрасните генерации се почесто инвестираат во биткоини за време на пандемијата!?

Објавено

на

Припадниците на постарите возрасни групи, т.н. бејби бумери и генерација икс ги удвојуваат своите инвестиции во криптовалутата биткоин секој месец од февруари, покажуваат податоците собрани од аналитичарите на лондонската платформа Мод Банкинг (Mode Banking). (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Во Хрватска се формира инвестициски фонд за инвестирање во биткоини

Објавено

на

Во четвртокот, Управниот одбор на Хрватската агенција за надзор на финансиски услуги (Ханфа) му одобри на друштвото за управување со алтернативни инвестициски фондови „Grifon Asset Management” од Осиек да формира нов отворен алтернативен инвестициски фонд со приватна понуда „Passive Digital Asset”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно