Connect with us

Останато

Централен регистар од следната година ќе ги регистрира вистинските сопственици во фирмите

Објавено

на

Македонија ќе добие регистар на вистински сопственици. Од 1 октомври следната година секое физичко лице при иницијална регистрација во Централниот регистар ќе потпишува и изјава за сопственост на удели во други субјекти.

Целта е спречување перење пари и да не може да се префрлаат средства од едни на други правни лица.

Ова го најави  Марија Бошковска-Јанкоски, директорка на Централниот регистар на Република Македонија, на одбележувањето 16 години работа на оваа институција.

– Законот за спречување перење пари и финансисрање тероризам е донесен во Собранието, а ние како Централен регистар имаме законска обврска до 1 октомври идната година да го имплементираме регистарот на вистински сопственици. Се уште се работи на правилникот и на сите останати мерки што треба да се имплементираат, а работиме заедно со Управата за финансиско разузнавање и финансирање тероризам, изјави Бошковска-Јанкоски.

Таа појасни дека при иницијалната регистрација секое физичко лице ќе треба да дава изјава во која ќе наведе дека нема удели или други субјекти на негово име и додаде дека покрај новите ќе треба и постојните сопственици на фирми да поднесат таква изјава во Управата.

Воспоставувањето на ваквиот регистар, како што рече директорката е согласно Еу директивите.

Таа најави дека од наредната година ќе профункционира и регионалниот портал на кој ќе може да се добиваат информациите. Порталот е финансиран од Европската банка за обнова и развој. Засега е во демо верзија, до крајот на годината ќе бидат достапни бесплатни информации за корисниците кои и сега ги добиваат, а од февруари и за комерцијални потреби.

Покрај Србија и Македонија, на регионалниот портал, информира директорката, ќе се приклучат и Словенија, Хрватска, БиХ, Албанија, Косово, Бугарија, Романија, а во постапка на потпишување меморандум за соработка е и со Грција.

Регионалниот портал треба да прерасне во централно место за добивање на корпоративни и финансиски податоци со споредбени деловни податоци за правните субјекти.

Регионалниот портал, како што оцени Фрик Јанмат од ЕУ делегацијата во Скопје, ќе овозможи полесно да се интегрира овој систем во оној на ЕУ, преку кој граѓаните,компаниите и јавната администрација може да пребаруваат информации  на компании кои отвориле свои претставништа во други земји. Тоа, како што рече, носи предности, пред се, за да ја зголемува довербата кај потрошувачите, прекуграничните трансакции, компаниите може да имаат намален административен товар и полесни прекугранични процедури.

Потенцира дека Македонија има деловен регистар што добро функционира и оти тоа било споменато и во годишниот извештај во април.

Премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на одбележувањето на 16-годишнината на Централниот регистар, посочи дека регионалниот портал е дел од пошироката рамка на Берлинскиот процес за Западен Балкан и претставува еден од фундаменталните инфраструктурни проекти за поврзување на регионот, за слободен проток на информации и за креирање заеднички пазар.

-Порталот нуди услуги на бизнис аналитика од регистарски податоци кои ќе бидат основа за сите натамошни иницијативи за воспоставување единствен пазар на Западен Балкан. Овој проект е прв и вистински пример на инститиуционална интероперабилност помеѓу Македонија и Србија, истакна премиерот.

Останато

Македонија повторно се најде на “30 под 30” листата на Форбес за 2019 година

Објавено

на

На 12 февруари, со отворање на Лондонската Берза магазинот Форбес ја објави листата “30 под 30” за 2019 година за Европа.

Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории, а на листата се најдоа и Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија, во категорија “социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

Токму овој модел на иновативен тренинг хаб во областа на маркетинг и пр, човечки ресурси, веб и графички дизајн, адвертајзинг итн, фокусиран на тоа да учесниците стекнат вештини и компетенции што им се потребни денес ги донесе овие двајца млади како дел од елитното друштво на Форбес по 30.

Покрај нив, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф ( познат по улогата во Хари Потер), фудбалерот на Атлетико Мадрид Антони Гризман, наследникот на гигантот Луи Витон, Антоан Арно и многу други.

Само да потсетиме ова е втора година Македонија да се најде на оваа листа, лани беше претставена од Нина од “Групер” и Жаре “Еден на Еден”.

Продолжи со читање

Останато

Колку сендвичи дневно “крадат” македонските политичари?

Објавено

на

Парламентарниот пратеник на Листата на Марјан Шарец (ЛМШ) поднесе оставка само неколку часа откако на колегите наивно им раскажал како спровел „социјален експеримент“, минувајќи покрај касата во продавница во близина на словенечкиот парламент и дека „набавил“ сендвич.

Сѐ почнало во средата кога пратеникот на владејачката партија Дариј Крајчич, за време на расправа за механизмите за контрола на прехранбените производи, сакајќи да ја разведри атмосферата, кажал дека механизмите на контрола добро дејствуваат ако сите им се придржуваат, но дека на надзорот секогаш нешто му се протнува и тоа го илустрирал со бизарна анегдота.

Тој кажал дека себеси јавно се пријавува бидејќи во локална продавница „отуѓил сендвич“ минувајќи покрај касата.

Чекав да платам, сигурно неколку минути, но на касата разговараа, а мене никој не ме забележуваше. Затоа излегов без да платам. И никој не потрча по мене иако имаат повеќе камери за видеонадзор“, кажал Крајчич, инаку доктор по шумарство на љубљанскиот универзитет кој претходно го водел државниот завод за заштита на природата.

Иако тој подоцна на новинари им изјавил дека не станувало збор за вистинска туку за виртуелна кражба, односно „социјален експеримент“ бидејќи потоа се вратил и го платил сендвичот и им се извинил на продавачките, Крајчич само неколку часа подоцна соопшти дека дава оставка како пратеник.Оставката е прифатена и во парламентот ќе го замени друг член на партијата која ја води премиерот Марјан Шарец.

Оставката ја прифативме. Крајчич е добар експерт, човек, колега, пријател и соработник, но во оваа прилика направил недозволив чин“, соопшти ЛМШ.

Ако во практика сакаме да ги спроведуваме принципите на нашата партија, тогаш за своите постапки мора да прифатиме одговорност, што го направи Крајчич со својата оставка. Тешко ни е поради тоа, но тоа беше негова самостојна одлука“, се додава во соопштението.

Прашањето е: КОЛКУ СЕНДВИЧИ НА ДЕН СЕ КРАДАТ ОД СТРАНА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ И КОГА БАРЕМ ЕДЕН ОД НИВ ЌЕ БИДЕ ДОБЛЕСЕН ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ФУНЦКИЈАТА КОЈА ЈА ИЗВРШУВА?

Продолжи со читање

Останато

Акциите на Јувентус излегоа на берза

Објавено

на

Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус одлучи да се појави на меѓународниот пазар на обврзници. На тој начин успеа да обезбеди капитал многу повисок од првичните барања.

Клубот, кој во 2001 година ги понуди акциите на Миланската берза, се задолжи со 175 милиони евра со издавање на петгодишна обврзница. Инвеститорите можат да сметаат на годишен принос од 3,5%. Управата на Јувентус претходно најави дека со издавање на обврзница планира да добие 150 милиони евра.

Средствата ќе бидат искористени за отплата на постоечките долгови.

За потсетување, долгот на овој клуб кој во два наврати беше европски првак, успеа да достигне неверојатни 310 милиони евра. Презентацијата наменета за инвеститорите, содржи податок дека приходите на овој клуб пораснале за 161% во сезоната 2017/2018.

Кон растот на приходите огромен придонес има купувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид за кого “старата дама” плати неверојатни 100 милиони евра. Зад издавањето на обврзницата на Јувентус стојат американската банка “Морган Стенли” и италијанската “УБИ банка”.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange