Форекс
Централен депозитар за хартии од вредност со нов портал за следење на електронски извештаи


Започнувајќи од денес, Централниот депозитар за хартии од вредност, го лансира својот најнов проект, за дигитализација на системот за крајните корисници, односно издавачите и инвеститорите на хартии од вредност. Дигитализацијата е во форма на портал за следење на електронски извештаи преку кои брзо и лесно се добиваат битните информации за издавачите и инвеститорите на хартии од вредност.
Порталот е изработен по мерка на потребите на корисниците и е многу лесен за користење. Покрај тоа, порталот нуди можност со кој се добиваат бесплатни релевантни и веродостојни извештаи од информативен карактер, извештаи од информативен карактер кои се наплатуваат и верификувани извештаи со електронски потпис и временски жиг.
Имателите на акции регистрационите податоци за првичен пристап можат да ги добијат преку банките или брокерските куќи кои се членки на Централниот депозитар за хартии од вредност и кои склучиле посебен договор со Депозитарот за таа намена, а издавачите преку потпишување на договор со Централниот Депозитар за хартии од вредност за користење на дистрибутивниот систем на податоци, при што овластено лице од акционерското друштво добива пристап до порталот. При изработката на порталот применети се највисоки стандарди на сигурност на информатичката технологија и заштита на личните податоци.
Креирањето на порталот беше процес на селекција на потребите на крајните корисници, а самата веб апликација е создадена врз основа на многу искуства и познати практики. Од сега па натаму, Акционерските Друштва и инвеститорите на хартии од вредност ќе имаат олеснителен пат, поради тоа што дигитализацијата на Централниот Депозитар за хартии од вредност ќе ги заштеди сите круцијални ресурси, временски и оперативни, а воедно обезбедува заштита на интересите на засегнатите субјекти, одосно 530 издавачи и 70.000 сопственици на харии од вредност. – изјави Даринка Дамјановиќ – извршен директор на Централниот Депозитар за хартии од вредност.
Фади Алрајес, соработник во тимот на ЕБРД посветен на Развој на локални валути и пазари на капитал, нагласи дека, новиот информациски Портал им обезбедува на инвеститорите и издавачите на хартии од вредност достапни on-line информации и извештаи со што многу придонесува за транспарентноста на податоците кои се однесуваат на нивните хартии од вредност. Дигитализацијата на податоците го засега претходно посложениот процес на нивно мануелно издавање директно од страна на ЦДХВ, го прави пазарот попривлечен за интернационалните инвеститори, а на издавачите им овозможува подобри информации за нивните акционери. На овој проект гледаме како на важен исчекор кон развој на локалниот пазар на капитал.
Централниот Депозитар за хартии од вредност со оваа алатка придонесува кон поефикасно работење и модернизирање на пазарот на хартии од вредност, а миграцијата од off-line во on-line е природен процес, кој што ќе резултира со поевтини услиги за секој корисник.
Дигиализацијата кон крајните корисници е извршена со кофинансирање од Европската Банка за Обнова и Развој.
Форекс
Руската рубља ќе стане официјална валута во дел од украинските градови


Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1-ви мај, објавија руски државни медиуми. (more…)
Форекс
Доларот опасно му се приближува на еврото!


Еврото утринава падна на најниско ниво во последните пет години од 1,05890 долари, откако руски „Газпром” соопшти дека ќе го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија. Падот под 1,06 долари за прв пат по пет години во однос на генерално силниот американски долар доаѓа поради зголемената загриженост околу енергетската безбедност и забавувањето на растот во Кина и Европа. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје