Connect with us

Останато

Цените на нафтата паѓаат четири недели во континуитет

Објавено

на

Цените на нафтата на светските берзи паднаа и минатата недела, четврта по ред, бидејќи трговците стравуваат дека новиот бран на COVID-19 во Европа би можел да го забави закрепнувањето на економиите од корона кризата, а се плашат да продаваат нафта од стратешките резерви.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 4 проценти, на 78,89 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 5,8 проценти на 76,10 долари.

Пад на цените четири недели по ред не е забележан од март минатата година, а пред еден месец цената на барелот на лондонскиот пазар беше на највисоките нивоа во последните три години, а во САД во последните седум.

Притисокот врз цените е последица на заканата на Вашингтон да посегне по нафта од резервите. Владите на група водечки светски економии го разгледуваат предлогот на САД за продажба на нафта од стратешките резерви на координиран начин за да се запре растот на цените.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно